Кое е вистинското значење на зборот „абракадабра“?

0

Кога бевме деца и ја игравме играта магионичари, зборот кој се користеше беше „абракдабра“ и означуваше почеток на магијата. Каде и кога сме го научиле е прашање без одговор. Веројатно било од некој филм или приказна која ни ја раскажале/прочитале од книга нашите родители.

Од каде вистина потекнува:

Се верува дека првпат е спомнат во делото “Liber medicinalis”  на римскиот лекар и мудрец Квинт Серена Самоник во 3 век од новата ера. Тој не бил првиот што го користел овој збор, туку многу веројатно веќе бил во употреба меѓу Римјаните и Грците.

Овој римски лекар зборот „абракадбара“ го употребува како  лек за непозната и смртоносна болест.

Зборот требало да запише на парче пергамент, да се завитка во ленено платно и да се носи на вратот како амајлија. Притоа, зборот треба да се испишува во редови и секогаш со една буква помалку на крајот, во облик на превртен триаголник во кој во последниот ред се наоѓа само буквата „а“.

Се верувало дека тој необичен збор ќе ги заштити од лошите духови кои ја предизвикуваат смртоносната болест.

Според друга теорија, „абракадабра“ доаѓа од арамејскиот јазик, од зборовите „авра кадавра“ што во превод значи „работи кои ги зборувам“.

Кое е вистинското потекло и значење на овој збор сè уште не се знае, но едно е сигурно – неговата употреба во контекст на магија и магични трикови и понатаму ќе остане иста.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот