Коцки мраз го чуваат цвеќето

0

Колку често сте го уништиле цвеќето во саксија само затоа што сте му ставале пречесто и премногу вода?

Решението за тоа како да го одржувате растението се наоѓа во вашиот фрижидер. Точно, наместо да ставате неконтролирано вода во саксијата, ставете една голема или неколку мали коцки мраз еднаш до два пати во текот на неделата. На овој начин ќе го наводнувате растението, а наводнувањето ќе биде во нормални количини.

Секако, доколку имате цвеќе што бара многу вода, тогаш ставајте му мраз секој ден, ама повторно, не повеќе од една до две коцки.

Овој метод на наводнување особено им годи на орхидеите. И на кактусите, со тоа што кај нив коцките мраз треба да ги ставате еднаш на две недели, не почесто.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар