КОЧИЈА: Симбол на небесната моќ

0

На претходната карта момчето беше неподвижно, застанато на крстопат. Тука може да се забележи дека ликот на принцот во кочијата тргнал на лат. Би можело да се претпостави дека тој има однапред определен пат. Можеби патува, а можеби оди во војна.

Кочијата е симбол на небесната моќ, што ја прави идеално средство за пат кон индивидуализацијата, но треба да се има предвид дека секое патување носи ризик да застраниме од патот и да се изгубиме. Кралската кочија симболизира и поголема слобода на движењето и флексибилност. Нејзината движечка моќ е дополнета со коњите. Тие сочинуваат мошне чуден тим. Едниот од нив е изразено црвен, а другиот е со смирувачка сина боја.

Тие може да ги симболизираат и позитивниот и негативниот пол на анималната природа. Како што веќе споменавме, физичкиот аспект се претставува со црвена, а духовниот со сина боја. Друго прашање во врска со оваа карта е – кој управува со коњите? Би се очекувало кочијашот да ги држи уздите, но овие коњи нив ги немаат. Тие како да се сраснати со колата.

За разлика од претходната карта, тука ја нема Божјата фигура да му помогне. Од аморовите стрели го штити балдахинот над неговата глава. Единствената надеж за него е помошта од мудроста на двете фигури претставени со маски на неговите рамења. Урим и Тумим! (Предмети што ги користат еврејските свештеници за да ја откријата волјата на Јехова). Што ќе се случува понатаму? Најдобро ќе биде самите да си составите приказна. Момчето од претходната карта е ослободено од двете жени и тргнува на самостоен пат. Вашата фантазија веќе полека ќе треба да се активира. Таа ќе ви биде единствен сојузник во моментот кога ќе одлучите да ги отворите картите.

ПОРАКА: Најважната порака што ја носи оваа карта е да верувате во себе. Таа ја нагласува победата преку самосвесноста. Способноста да се успее во животот е зависна од нашата способност да ја изедначиме и да ги хармонизираме психичката и физичката сила. Бидете оптимист и запрашајте се дали интелектуалните спопсобности ги искористувате до максимум?

Подготви: Др. Тарот

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.