Книжевни настапи на Стефан Марковски во Сан Себастијан

0

Настапите на Марковски се оддржаа на 10 и 13 септември во библиотеката Сан Херонимо во Сан Себастијан, односно библиотеката во Сан Хуан.

Пред баскиските, односно шпанските писатели и читатели, македонскиот книжевник најпрвин одржи предавања фокусирани на запознавање со македонската култура и тековите на современата македонска литература, по што Марковски прочита извадоци од своето творештво на македонски и англиски јазик.

Книжевните настапи на Марковски се во рамки на резиденцијалниот престој во Сан Себастијан, европска престолнина на културата за 2016-та година. Резиденцијата е дел од проектот Other Words, делумно спонзориран од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ, чиј македонски партнер е Форумот на млади од Битола.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.