Книгите кои го расплакаа светот

0

Секој од нас ги сака бајките со среќен крај, но не сè во животот е бајка. Можеби токму затоа понекогаш сакаме да читаме книги кои ни го кршат срцето и нè тераат на плачење и олеснување кога ќе сфатиме дека можеби некој друг има сто пати повеќе проблеми од нас…

„Виновни се ѕвездите“  – Џон Грин

Кога големиот TIME магазин дава оценка за оваа книга, дека таа е љубовна приказна, една од повеќето вистински кои навистина може да ве допрат, особено од последните американски изданија; која истовремено е егзистенцијална трагедија на огромна интелигенција, храброст и тага“, тогаш знаете дека наградуваниот Џон Грин веднаш се сместува во графата книги кои мора да бидат прочитани.

„Те водам на посебни места“ – Џенифер Нивен

Уште еден бестселер за младата публика кој ја раскажува приказната за Теодор и Виолета. За Теодор кој е опседнат со смртта и посакува да се убие и Виолета која ја губи својата сестра… Дали некој нов човек може да помогне да се заборави минатото? Подгответе ги хартиените марамчињата и уживајте во неверојатното раскажување на авторката Нивес.

„Екстремно гласно и неверојатно блиску“ – Џонатан Сафран Фоер

Овој инвентивен роман зборува за 9-годишниот Оскар Шел кој е на мистериозна и многу итна мисија која го води насекаде низ градот Њујорк. Неговата цел е да ја најде бравата која може да се отвори со клучот кој му припаѓал на неговиот татко кој умира во нападите на кулите близначки на 11 септември. Оваа навидум невозможна мисија го носи Оскар кај многу преживеани од ралични удари на животот за да го најде своето конечно оздравување и да ја преболи смртта на татка си.

„Еден ден“ – Дејвид Николс

Oваа горчливо-слатка приказна започнува на 15 јули 1988 г., кога Декстер Мејхју и Ема Морли, и двајцата студенти на Универзитетот во Единбург, се запознаваат по свеченото доделување на дипломите. Каде ќе бидат на овој ден догодина? И наредната година? И годината потоа? Дваесет години, две души и еден ден! Прекрасна книга – мудра, неизмерно комична и досетлива, а истовремено длабока, сочувствителна и наместа неподносливо тажна.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот