Книги од Милан Кундера кои мора да се прочитаат

0

Никогаш не е доцна за започнување на некоја нова навика. Создадете си навика да читате и да откривате нови светови. Денеска, од сè срце ви препорачуваме неколку одлични книги од чешкиот писател Милан Кундера.

milan kundera (4)

Кундера студирал книжевност, естетика, филмска режија, музикологија. Од 1975 живее во Париз. Поради критиката на општествените и политички прилики во родната земја, неговите дела биле забранувани во Чешка. Денес е едно од култните имиња на современата книжевност.

Шега

Оваа книга е првиот роман на Милан Кундера, објавен 1967 година и е единствен негов роман во кој авторот не е единствениот наратор. Романот ја раскажува приказната на едно специфично време, крајот на шеесеттите години во тогашна Чехословачка и сведочи за тоа дека историјата е сила која може да се пошегува со секого. Сепак, Шега е и љубовен роман.milan-kundera-knigi (2)

Неподносливата леснотија на постоењето

Мајсторски раскажувајќи ги личните приказни на Томаш, Тереза, Сабина, Франц, Кундера ја отсликува и Прага од 1968 година и положбата на интелектуалците таму. Отворајќи го прашањето за тежината на постоењето, Кундера на оваа книга и дава и филозофска димензија, наспроти сетилноста која е присутна низ страниците преку љубовта, болката, страста…

milan-kundera-knigi (1)

Идентитет

Со овој роман Кундера ги заменува многуте гласови кои ги раскажуваа неговите приказни во претходните романи. Гласовите на ликовите, во „Идентитет“ Кундера ги заменува со линеарна раскажувачка структура. Замислете си да бидете во потрага по својата драга Шантал, ја барате, ја здогледувате, трчате кон неа и на неколку чекори, таа се врти и вие сепак ја здогледувате вашата Шантал, со истото лице, усни, очи, а сепак нејзиниот израз укажува дека пред вас стои некоја друга личност. Дали можеме самите да го смениме својот идентитет?

milan-kundera-knigi

Книга за смеата и заборавот

 И покрај црпењето на истата тема, Кундера во своите пишувања за љубовта и страста е неисцрпен. Тоа доаѓа од неговата способност да набљудува од различни страни, преку различни очи. Очите и гласовите кај Кундера се оригинални и неповторливи, крајно индивидуализирани, а сепак, тоа се луѓето од нашата близина: продавачката на кафе, такси-возачот, продавачот на овошје и зеленчук…

milan-kundera-knigi (3)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот