Книги од Франсеск Мирајлес кои ќе ве разнежнат

0

Сигурно имате слушнато за Франсеск Мирајлес, шпанскиот автор кој успеа да стане светски популране благодарение на неговите одлични книги. Роден е во 1968 година, во Барселона и иако студираал новинарство, тој одлучил да и се посвети на литературата. Исто така, во Шпанија е познат и како музичар и текстописец.

Неговите книги се преведени низ цела Европа и Сад и се продаваат во милионски тиражи. Книгите на Мирајлес разнежнуваат бидејќи тој на едноставен и разбирлив јазик пишува за највозвижените емоции. Ова се неговите книги кои мора да ги прочитате.

books-flowers-Favim.com-488330

„Најубавото место на светот е тука“

Инспиративен роман за малите нешта што ни се потребни за среќа, а кои честопати не ги забележуваме. За секојдневната магија која може да ги разбуди заспаните емоции што порано не сме ги познавале. За моментите кои не смееме да ги пропуштиме, за што секој нареден може да биде поубав од претходниот, доколку му дадеме шанса. Ова е книга што ни дава насоки како да го откриеме волшепството на сопствената душа.

„Љубов со мали букви“

Кога неочекувано во животот на Самуел де Хуан, професор по германистика, човек кој е во постојан страв од смртта, влегува мачорот Мишима, де Хуан почнува да го открива животот. Мишима ќе го запознае де Хуан со ексцентричниот физичар Валдемар и соседот Титус, но и љубовта на неговиот живот која ја чека веќе триесет години – Габриела. Ваквиот животен мозаик ќе му помогнe на Самуел да размислува за темната страна на месечината, за метафизичките прашања поврзани со одговорот на прашањето за смислата на животот.

„Барселона блуз“

Стилот на раскажување му е препознатлив, ве одведува на сосема различни страни, ви се чини дека читате за нечиие обично секојдневие, но треба да внимавате на попатните знаци. Токму тие ситници и ликови кои случајно се појавуваат повремено се клучни за да ви ја откријат тајната на крајот. Мајсторски напишана приказна за еден разведен издавач на книги за самопомош кој бега и повторно се враќа во градот кој понекогаш му е толку тажен и меланхоличен, како да слуша блуз.

„Посакувам да си тука“

Насловена според легендарната песна на Пинк Флојд, овој роман е посветен на љубовта што ја бараме целиот живот, но и на моментите кога чувствуваме дека ништо нема смисла. Сето ова е преточено во ликот на Даниел, успешен архитект кој секогаш одел по прави линии. Кога на неговиот роденден свршеницата ќе го остави поради друг човек, Даниел доживува длабока криза. Работите се менуваат кога ќе почне да го слуша цедето што ќе му го подари една негова пријателка. Стиховите од песните ќе го натераат да замине во Париз и да започне потрага по сопственикот на таинствената книга што ќе ја најде во еден бар.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.