Книги кои се читаат во еден здив

0

Сезоната на годишни одмори започна… Доколку имате одбрано подалечна дестинација, сигурно најголем проблем ќе биде долгиот пат, сеедно дали со автобус, воз или авион. Ние имаме предлог како патот кон посакувата дестинација да ви изгледа пократок и времето да помине побрзо – со добра книга.

„Марсовец“ – Енди Вир

Дебитантскиот роман на Енди Вир стана мегапопуларен благодарение на неодамнешната филмска екранизација во која главната улога ја толкува мет Дејмон.

Марсовец е приказна за еден астронаут кој после една немила случка, ќе остане сам на планетата Марс. Тој се труди да опстојува на место на кое нема возможни услови за живот.

Книга за нештата и моментите кои го прават еден човек посилен од карпа. Астронаутот Марк Ватни е интелигентен, духовит и упорен… И единствениот човек кој прежиевал цели 549 дена на Марс.

„Судење“ – Џејмс Патерсон

Патерсон во нашите раце ќе остави уште една мајсторски направена трилер приказна…

Како адвокат во Вашингтон на почетокот на XX век, Бен Корбет ги застапува најтешките случаи во борбата против расизмот. Претседателот Рузвелт го замолува да се врати во родниот град за да го истражи реформирањето на Кју-клукс-кланот, па тој не може да го одбие. Кога пристигнува во Еудора, Мисисипи, сфаќа дека линчувањата се вообичаени, а жителите во црниот кварт на градот живеат во постојан страв. Бен има за цел да го прекине владеењето на ужасот ‒ но вистината што се крие зад сето тоа би можела скапо да го чини.

„Туѓинка“ – Дајана Габалдон

Интересна приказна која нема да сакате да ја испуштите од раце се до последната реченица…

Клер Рандал е поранешна болничарка која работела во текот на Втората Светска војна. Веднаш, по завршувањето на војната, заминува на втор меден месец во Шкотска заедно со сопругот, Френк. Тој е историчар и медениот месец го користи за да се запознае со шкотската историја и митологија.

Но, неговата љубопитност ќе ги одведе на една мистериозно место кое засекогаш ќе го промени нивниот живот. Интересирањето на Френк за историјата ќе ја одведе Клер на сосема неочекувано место каде ќе биде целосна туѓинка…

„Горе е тивко“ – Гербранд Бакер

Спокојно раскажана приказна под чија површина вријат страсти и неспокојни размисли за вината и личната одговорност…

Откако неговиот брат близнак загинува во сообраќајна несреќа, Хелмер е принуден да се откаже од студиите и да остане на малата семејна фарма, помирувајќи се што мора да го мине животот на село. Сите години е врзан за фармата и не се оженил, измачуван од премолчаното чувство дека татко му повеќе го сакал другиот брат, кој требало да ја наследи фармата.

Навидум роман за едноличниот живот на село, Горе е тивко на крајот поставува тешки прашања за осаменоста, за потрагата по смисла и за можноста да се земе животот во свои раце.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар