Клуб масички за сечиј вкус

0

Кога го уредуваме домот, најмногу внимание би требало да посветиме на дневната соба бидејќи таму го поминуваме поголемиот дел од денот. Секако, дневната никогаш не е целосно комплетно без совршено избраната клуб масичка. Во зависност од стилот во кој го уредуваме просторот, масичката би требало идеално и хармонично да се вклопува во целината на дневниот престој и буквално да биде јаготка на шлагот.

8cfc4dfc-bd40-499e-807d-7a51fb90ac6e

При изборот на клуб масичка внимавајте на нејзиниот квалитет. Доколку имате мали деца размислете дали горната површина на масичката би била од стакло или би одбрале друга алтернатива како дрво, керамички плочки или плексиглас.

Горната површина на масата може да зборува и за вашата личност. Може да биде одлична голема рамка за вашите најмили фотографии, под стаклото да ги ставите на хартија вашите омилени цитати.

30116d9c-f594-4c26-98e2-7492ae793214 f5105625-659d-4d29-a607-82bb0199087d

Доколку имате мал стан, добро е масичката во долниот дел да има фиоки за складирање или самата да биде во форма на ковчег во кој ќе сместите многу работи кои не сакате да ви се врткаат наоколу.

351ccd92-4a47-478f-81c8-7080bb55a5290659e9a9-da6f-41a6-9162-b1c8fd8ff172

Можете да се одлучите и за некласичен, модернистички дизајн кој би ја надополнувал сликата за модерен дом. И секогаш можете старите предмети да ги вратите во живот и да ви послужат како маса или барем основа за истата, како на пример големи кугери, бамбусови сандачиња, делови од стари витрини…

bf31bfbe-058f-47dc-b2d7-e98fd8ec1163 26aed541-02c8-4a1a-b167-e8bb54b3a289 adaac5e6-d26d-4dee-bc79-b55910783b78

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.