Клеопатра – музичко сценски спектакл вечерва во МОБ

0

Клеопатра – најмистериозна жена на античкиот свет, легендарната освојувачка на срцата, љубовница на Цезар и Марко Антонио, последна владетелка на Египет – повеќе од две илјади години ги инспирира поетите, сликарите, композиторите и режисерите. Денес нејзиниот лик повторно оживува преку балетската претстава „Клеопатра“, а во продукција на МОБ.

Балетскиот спектакл „Клеопатра“ вечерва ќе се одигра на сцената на Македонската опера и балет, со почеток од 20 часот.

Музиката за „Клеопатра“ ја компонираше Нерија Голдберг од Литванија, а во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова како Клеопатра, Васил Чичијашвили како Цезар и Бобан Ковачевски како Марко Антониo, Марија Кичевска Шокаровска како Октавија и други.

Овој беалет е создаден специјално за Македонската опера и балет и на него работи меѓународен тим автори од пет земји. Претставата е голема, грандиозна, разнобојно шоу коешто излегува од рамките на обичниот класичен балет. Во спектаклот се ангажирани оркестар, хор, балетски групи (околу триста луѓе на сцената), мимичари и циркуски уметници, фолклорни групи, дури и дресирани животни…

Од МОБ најавуваат вистинско уживање за сите сетила, а на вас останува да го одберете датумот кога би ја погледнале претставата.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот