Киспептин, хормон кој ги буди емоциите

0

Дали знаете дека хормонот на среќа почнува да се лачи во мозокот дури и кога гледате слики на среќни двојки, романтични ситуации или секси фотографии? Токму ова е причината што научниците размислуваат да им ставаат инјекции со „среќни“ хормони на тинејџерите кои влегуваат во пубертет за да им помогнат при справување со психолошките или сексуалните проблеми.

Хормонот кој природно се лачи во телото се нарекува „киспептин“, име кое тинејџерите, го обожаваат и ги асоцира на љубов и бакнување.

Истражувачите, пак, направиле студија со 29 млади здрави момчиња на кои им дале од овој хормон и ги следеле реакциите и промените во нивниот мозок кога им покажувале романтични фотографии. Скенирањата на мозокот покажале зголемена активност во оние делови кои се задолжени за сексуално надразнување и романса. Кога им покажувале не-романтични фотографии, не била забележана никаква промена.

Затоа сметаат дека овој хормон може да се користи при лекување на депресијата или за намалување на емоционални проблеми, кои меѓу другото можат да доведат и до неплодност, кај двата пола.

Киспептинот влијаел и на регулирање на расположението, намалување на негативноста и слично.

Заради ова експертите препорачуваат – бакнувајте се, гледајте романтични филмови, читајте романтични книги и мозокот самиот ќе го лачи овој хормон.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот