Кирк Даглас го доби првиот подарок за 100 роденден

0

Американскиот актер и продуцент Кирк Даглас го доби првио подарок за 100 роденден – награда од Светскиот еврејски конгрес на поддршка на Израел.

Даглас е роден на 9 декември 1916 година и глумел во првиот холивудски долгометражен филм што се снимал во Израел.

Наградата во Њујорк, во име на неговиот татко ја доби оскаровецот Мајкл Даглас, кој изјави дека неговиот татко е „почестен и пресреќен“.

Претседателот на организацијата, Роналд Лаудер, изјавил дека Кирк Даглас отсекогаш бил горд на своите еврејски корени и дека тоа го покажал со улогите во филмовите „Juggler“ и „Cast A Giant Shadow“.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.