Кинеско пилешко

0

Прекрасен и вкусен кинески рецепт, кој заради формите, боите и зачините, има доста специфичен и изразен вкус, кој е карактеристичен за кинеската храна.

Состојки

  • 250 гр пилешки стек
  • 2 црвени пиперки
  • 2 кромида
  • 2 моркова
  • 2 чешниња лук
  • 250 гр печурки шампињони
  • зачини: црн бибер, морска сол, ѓумбир, коријандер, куркума и чили 3 лажици соја сос

Додаток- макарони

Начин на подготовка:

1. Стекот го сецкаме на правоаголни, долгнавести парчиња. Морковот го рендаме на крупната страна од рендето. Пиперките ги сецкаме на долгнавести ленти. Секогаш кога се спрема кинеска храна, зеленчукот и месото се сецкаат долгнавесто. Тоа е карактеристично за нивната кујна.

2. Кромидот и лукот си сецкаме на ситни коцки и ги ставаме во тава да се пропржат. Се пржат во сусамово масло и во вок тава. *Ако не ви се допаѓа мирисот на сусамово масло, слободно гответе во маслиново или сончогледово.

3. Потоа се додава месото. Подобро е да користите саламурен стек, бидејќи е помек.

4. Се додаваат и печурките, предходно исецкани напречно, на тенки ленти.

5. Откако ќе се пропржат, се додава морковот, па потоа и пиперките.

6. Сега следат зачините. Се додава по вкус црн бибер, морска сол, ѓумбир, коријандер, куркума и чили. Ако некој од зачините не ви се допаѓа или не сакате да ви лути, слободно скокнете.

7. Откако убаво ќе се издинстаат состојките, на крај се додава соја сос. Вимавајте со количината на сол што ја ставате, бидејќи и соја сосот е солен. Може да се искомбинира со макарони и со ориз, бидејќи кинезите практикуваат ориз и тестенини во секојдневната исхрана.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот