Kigli – нов бренд на македонскиот пазар за урбани и префинети мажи

0

Модерен и авантуристички, наменет за самоуверени мажи со динамичен животен стил, брендот Kigili за прв пат се претстави пред македонската публика со свежа, тренди колекција

за сезоната есен – зима 2015/2016

Овој интернационален бренд со потекло од Турција, кој се стреми за беспрекорен квалитет и уникатен дизајн уште од 1938та година, на есенскиот Моден викенд во Скопје, го најави своето претстојно доаѓање во Македонија. Kiglı се претстави со стилски и удобни комбинации, спој на елеганција и комфорност, кои укажуваат дека мажите можат да изгледаат моќно и елегантно како во формалните изданија, така и при секојдневните пригоди. Kолекцијата „Kigiliесен-зима 2015“изобилува со навистина свежи, оригинални парчиња, за буквално секоја прилика на урбаните мажи.

Со совршен спој на лежерност и префинетост во неа, колекцијата всушност претставува сублимат од четири различни теми: „Душата на авантуристичкиот патник“, „Урбан номад“ , „Динамичен град“ и „Луксузна машка облека“. Карактеристично за целата колекција е дека таа во голем дел е инспирирана од ерата на 1970-тите,  модна епоха која моментално е фокус и инспирација на многу дизајнерски колекции, во тековната сезона во светот на модата. Иако ретро нотата е очигледна, сепак колекцијата има сопствен модерен печат и внесува свежина во машката мода.

Како што зборува и самото име, темата авантуристички патник е дизајнирана за мажите кој трагаат по адреналин и патувања, го ценат комфорот но сепак сакаат да изгледаат модерно во секоја пригода. Во неа, удобните тексас кошули и фармерки, надополнети со елеци и плетени џемпери за студеното време со модерен крој, го потенцираат слободниот дух и енергијата. Kigli урбаниот номад е спортски тип, кој ја сака природата и е карактеристичен по слоевитите комбинации со еклектичен изглед, кои се изработени од природни материјали. Динамичен град е всушност спортската Kigili колекција, која се состои од остри удобна облека со геометриски колор блокови, кои му даваат урбан изглед на современиот маж. Луксузната колекција пак се состои од слим –фит панталони, палта, кошули и костими за свечени и секојдневни пригоди, за мажи со префинет стил.

Носител на брендот Kigili во Македонија е компанијата Веибо Груп, интернационална компанија од областа на текстилната индустрија, специјализирана во масовно производство на машка облека, со производствени погони и дизајнерски работилници во Кина, Камбоџа, Турција и Македонија.

Kigli e пријателски и допадлив бренд. Пријателски, бидејќи ги следи потребите што ги диктира брзиот животен стил и има широк асортиман на облека, чевли и модни додатоци, а во ќе се нуди по достапни цени, кои ќе го штедат буџетот на македонските купувачи. Допадлив, бидејќи ги следи светските трендови, нуди одличен квалитет со навистина модерен и оригинален дизајн. Во моментов се подготвуваме за нашиот влез на македонскиот пазар. При првата недела од ноември ќе ја отвориме нашата првата продавница во Скопје Сити Мол, а кратко по тоа и продавницата во центарот на градот, на булеварот Партизански одреди,наспроти Соборниот Храм во Скопје. Македонија ја одбравме како појдовна дестинација и до крајот на 2016 година планираме да отвориме вкупно дваесет продавници во регионот, изјави г-динот Иршат Канџа, директор на Веибо Груп Македонија.


db2c1489-683x1024

db2c1560-683x1024

db2c1632-683x1024

db2c1656-683x1024

db2c1743-683x1024 (1) (1)

db2c1954-683x1024