Керол Хорлок, најпознатата сурогат мајка на светот

0

Дел од вас знаат, останатите можеби првпат ќе слушнат, но во Британија живее најпознатата сурогат мајка на свет кој за 20 години има родено 15 деца. Што ја прави позната? Нејзината зависност од раѓање деца. Керол Хорлок е 49 годишна жена од Колчестер, Есекс каде живее со својот партнер веќе 16 години. Има две нејзини деца, Стефани која има 24 години и Меган, 21 година.

093412-carole-horlock

Нејзината сурогат приказна почнува пред 20 години кога во дневен весник прочитала текст за сурогат мајките. Решила дека сака да му помогне на некое семејство да има деца и така започнало сè. Во февруари 1997 година родила близнаци, во Март 1998 година родила уште едно бебе, како и јули 1999, октомври 2000, април 2003, јуни 2004, март 2008 година родила тројка, а последното бебе кое го родила како сурогат мајка било во април 2013 година. Но, откако го изгубила 16-тото дете, била советувана да престане да раѓа бидејќи телото веќе не е во можност да го издржи товарот заради годините.

Carole Horlock

Денес, Керол е горда на своите дела бидејќи израдувала многу бездетни семејства во изминативе 20 години.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.