Кендис Свенпул – Новото заштитно лице на Givenchy (ИНТЕРВЈУ)

0

Кендис, Вие сте сега новото заштитно лице на Dahlia Divin Le Nectar. Што значи тоа за Вас?

Чест е да се претставува таков бренд како Givenchy и особено таков безвременски парфем како што е Dahlia Divin.

Каква е вашата врска со брендот Givenchy?

Работам со Givenchy веќе неколку години и секое следно снимање е многу повеќе возбудливо од претходното, без разлика дали се работи за кампања или шоу, со Рикардо Тиски секогаш има уникатна верзија и пасија. Го носам на себе често, прави да се чувствувам како моќна жена, како парфемот така и модната линија.

Како ќе го опишете Dahlia Divin Le Nectar парфемот? Што предизвика тој во Вас?

Dahlia Divin ја буди модерната божица во вас, тоа е женствена и луксузна комбинација од моите омилени состојки како јасмин и ванила, што го прават уникатен.

Кои се вашите најубави спомени од парфемите?

Обожував да ја гледам мајка ми како се подготвува за излегување навечер. Гледајќи ја неа како става кармин и нанесува парфем кој ја исполнува целата куќа се моите најубави спомени.

Колку често нанесувате парфем и кога?

Користам парфеми секој ден. Зависно од моето расположени и стилот на денот. Јас длабоко верувам дека парфемот го комлетира изгледот и ставот на една личност.

o-40203

Како ќе ни ја опишете атмосферата од ТВ снимањето и работењето со Питер Линдберг и Гордон вон Стеинер на кампањата. Може ли да ни кажете нешто повеќе за оваа соработка?

Штом Givenchy го спомена арт директорот на снимањето, веднаш знаев дека ќе има многу забава и тоа беше одлично за мене. Dahlia Divin се заснова на женственоста и таа тивка силина која секоја жена ја има во себе. Сите ние сме божици длабоко во себе. Расположението беше скоро магично поради неверојатниот сет кој го направија, на средина на Абу Даби пустината. За мене беше лесно да го пронајдам мојот карактер, во таа средина.

Бев толку возбудена и нервозна поради идејата дека ќе работам со Питер Линдберг, но излезе дека поминатите два дена со него беа апсолутно идеални, тој направи да се чувствувам специјално и убаво постојано.

Со Гордон вон Стеинер беше апсолутно извонредно да се работи, јас сум негов голем обожавател, тој знае како да раскаже приказна и има извонредно око и имагинација. Заедно ја оживеавме пустината. Ова е дефинитивно едно од најубавите снимања досега.
Може ли да ни кажете нешто повеќе за спектакуларната наметка специјално дизајнирана од Рикардо Тиски?

Наметката беше перфекција, штом ја ставив на себе се почувствував препородена. Направена е од свила со стотици кристали и прекрасно вметнати детали, кои ја прават женственоста уште посилна. Им биле потребни 350 часа да се подготви. Беше чест да се носи на себе парче како тоа.

Која е Вашата визија за Givenchy жената?

Givenchy жената е модерна божица, силна и мистериозна.

Која е Вашата рутина за убавина? Која е Вашата навика за убавина?

Мојата рутина е чистење, тонирање и аплицирање на серум за лице. Се трудам да не носам шминка постојано и да ја оставам кожата да дише.

Интервјуто е направено за потребите на брендот и тековната кампања.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар