Кејт Хадсон, принцезата на црвениот килим

0

Кејт Хадсон, златната девојка на Холивуд,  многумина ја нарекуваат принцеза на црвениот килим.

Ќерката на актерката Голди Хоун секогаш изгледа беспрекорно. Дури и кога папараците ја „ловат“ на плажа или во продавница, таа е совршена. Ама на црвениот килим Кејт едноставно – блеска!

Без оглед дали станува збор за филмска премиера, моден настан, доделување награди или холивудска забава, сите очи се секогаш вперен и во неа.

Актерката вели дека ужива во убавите фустани од Валентино, Версаче, Армани или Ели Сааб коишто ги носи на настаните на коишто присуствува, но дека во нејзиниот гардеробер нема многу фустани од овој тип.

„Среќна сум што можам да го облечам еднаш и да ги вратам. Ова е стил за црвениот килим. Приватно, јас сум само девојка од соседството.“

Гледајќи ги фотографиите, па, не можеме да речеме дека ѝ веруваме 100%/

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот