Ќе го разбереме ли некогаш безболот?

0

Првата и вечна дилема е дали станува збор за безбол или за бејзбол.

Ова е тимски спорт во кој главниот одбранбен играч, фрлач, се обидува да ја фрли топката кон фаќачот, додека напаѓачкиот играч од другиот тим, наречен удирач, истата таа топка се обидува да ја удри со безбол палката и да ја исфрли од точно означениот простор за да добие еден или повеќе поени.

Правила на играта

Во безболот се натпреваруваат две екипи со по девет играчи, а нив ги надгледуваат еден или повеќе судии. Победник е екипата што ќе освои повеќе поени, а поени може да оствари само екипата што се наоѓа во напад. Истовремено, екипата којашто се наоѓа во одбрана се обидува со исфрлање на тројца играчи да дојде во фаза на напад. А поен се освојува кога некој од играчите на екипата што е во напад ќе успее да ги освои сите четири бази.

Терен за безбол

Теренот има форма на лепеза и на врвот се наоѓа „домашната база“. „Внатрешното поле“ е дел од теренот кој е во форма на квадрат, а на чии врвови се наоѓаат домашната база, првата база, втората база и третата база. Оддалеченоста меѓу нив изнесува 27,45 метри.

„Ридот на удирачот“ е мала испакнатина која се наоѓа во средината на внатрешното поле. Тука се наоѓа плочата на удирачот, на која што стои тој.

„Надворешно поле“ е дел од игралиштето помеѓу фаул линијата, а фаул линиите се продолжени страни на внатрешното поле помеѓу домашната и првата база, односно помеѓу домашната и третата база.

Внатрешното и надворешното поле, вклучувајќи ги и фаул линиите ја сочинуваат „фер територијата“, а останатиот дел е „фаул територија“. Колку малку податоци, до сега, а толку збунувачки.

925508_1280x720

Безбол игра

Натпреварот има 9 „измени“. Измената е дел од натпреварот во кој двете екипи учествуваат и во напад и во одбрана. Целта на екипата во одбрана е со исфрлање тројца напаѓачи да дојде во напад, бидејќи поени се освојуваат само во напад, додека целта на екипата во напад е да го освои сите четири бази, со претрчување на теренот.

Кои се играчите во нападот?

Удирач е напаѓач кој во рацете а држи палката за безбол. Ако не успее да ја погоди топката во 4 фрлања тогаш го исфрлаат од играта. Ако ја погоди, тогаш ја фрла палката и станува тркач. Како тркач, тој се обидува да ги освои сите четири бази и да освои поен за својот тим.

Кои се играчите во одбрана?

Екипата во одбрана се обидува да исфрли тројца напаѓачи и да дојде во позиција на напад. Нивниот главен играч е фрлачот кој ги фрла топките кон удирачот. Зависно од договорот со својот соиграч (кој се нарекува фаќач), удирачот фрла брзи, лизгачки, бавни топки, фрла надворешни, внатрешни, ниски или високи. Во одбраната играат и играчи познати под името инфилдер односно аутфилдер. Нивната улога е да ја фатат топката што ќе ја удри удирачот пред тркачот да „освои база“.

marcus_thames_tigers_2007

Сè уште делува и повеќе од комплицирано.

Американците го обожаваат овој спорт, кој заедно со рагбито и кошарката се смета за национален спорт во земјата. Затоа, ако некогаш во животот имате можност да посетите безбол натпревар, направете го тоа. Тогаш сигурно полесно ќе ги разберете сите овие бројни и сложени правила.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.