Кажете ‘благодарам’ за разводот

0

Разводот е една од најболните и најтешките работи кои може да се случат на двајца луѓе кои некогаш биле во брак.

Помислата дека нешто се распаѓа, нешто во кое толку верувале двајца луѓе предизвикува чувство на тежина во градите од кое не можете да се ослободите. Има период на агонија, прашања “Зошто ова мораше нас да ни се случи”, обиди да се спаси тоа што некогаш било големо и значајно. После извесен период сфаќате дека нема повеќе вредност, сфаќате дека морало да се случи за да двајцата продолжите понатаму. Можеби причината нема веднаш да ви биде јасна, но со време ќе знаете зошто она “засекогаш” не беше вистина.

Но, ако и двајцата свесно сте се согласиле на тој чекор, веројатно така треба да биде. Сигурно ќе поминете низ перидод на гнев и лутина, на разочарувања, расправии… А кога се тоа ќе помине, седнете и размислете за работите за кои сте благодарни и сте имале можност да ги живеете заедно.

n-WRITING-LETTER-628x314

Бидете благодарни за децата кои ги имате и кои сте ги израснале во зрели луѓе за почит.

За моментите кои сте ги поминале заедно. Сигурно не било се лошо. За поддршката која сте си ја давале во најтешките моменти, за пријателството кое ќе трае засекогаш. Ако завршила љубовта, не значи дека и пријателството треба да го нема.

На крајот, никој не вели дека нема да најдете љубов на друго место, но не брзајте со одлуките и дајте си време за новите работи кои ќе ги живеете повторно со цело срце и душа. Направете простор за новиот живот, нема да се разочарате.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот