Актери кои имале љубовни афери за време на снимање

0

Во животот има моменти кога работата и задоволството се мешаат. Дали целата приказна ќе има среќен крај, тоа зависи од луѓето вмешани во неа. Ние, во тоа име решивме да ви претставиме некои од најпознатите љубовни афери кои се случиле за време на филмски сет.

Анџелина Џоли и Бред Пит

e3

Ова е е дна од најпознатите афери која заврши со брак и 6 деца. Тие ја почнале љубовта за време на снимањето на “Mr. i Mrs. Smith”, додека Бред Пит беше се уште во брак со Џенифер Анистон. Во тоа време Џоли ја нарекуваа “растурал на бракови”, не беше омилена во медиумите, но со тек на време ја покажаа големината на нивната љубов, посебно откако станаа родители на 6 деца.

Мег Рајан и Расел Кроу

e2

Кралицата на романтичните комедии, Мег Рајан почна врска со Расел Кроу за време на снимањето на филмот “Proof of Life” во 2000 година. Се ќе беше во ред, ако Мег во тој период не беше во 10 годишна брачна врска со Денис Квејд, со кого брзо после тоа се разведе. Врската на Мег и Расел не траеше долго, парот раскина после неколку месеци.

Даниел Крег и Рејчел Вајс

daniel_craig_440_146351315

Иако денес и двајцата се во засебни и среќни бракови, сепак за време на снимањето на трилерот “Dream House” тие ја започнале нивната романса. Во тој период од животот, двајцата биле верени. Тој со продуцентката Сатсуки Мичел, а таа со режисерот Дарен Аронофски. Официјално, никогаш не ја признале аферата.

Елизабет Тејлор и Ричард Бартон

e1

Тие двајца се дуото Бранџелина на денешно време само со повеќе драма. Оваа афера е една од најпознатите на филмскиот сет воопшто. Тие се запознале на снимањето на “Cleopatra”. Во тоа време Елизабет била омажена за Еди Фишер, со кого имала афера додека тој бил во брак со Деби Рејнолдс. Интересно е тоа што таа за Ричард Бартон се мажела дури два пати.

Џенифер Лопез и Бен Афлек

e4

Џеј Ло и Бен Афлек се запознаа на сетот на филмот “Gigli” во 2002 година, додека таа беше во брак со вториот сопруг Крис Џад. Три дена пред почетокот на синмањето, таа поднела барање за развод. Парот ја официјализираше веридбата во 2002 година, но никогаш не застанаа пред олтар. Подоцна Бен изјавуваше дека тој животен чекор за малку ќе му ја уништел кариерата, но за среќа се добро завршило.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот