Каролина Гочева: Во AVON открив што е добра козметика и кои производи најмногу ми одговараат

0

Ја сакам минималната шминка и маскарата е неизоставен дел од мојот несесер, а со Wide Awake моите очи изгледаат крупни и одморени – изјави Каролина на денешната средба со новинарите по повод промоцијата на новата маскара и на фотографиите од сесијата која беше реализирана во Варшава

Заокружувајќи една година како заштитно лице на козметичкиот гигант AVON, популарната пејачка Каролина Гочева се појави на насловната страна на септемвриската брошура и одлучи да почувствува како е да бидеш дел од тимот на компанијата. Таа месецов стана Претставник, подетално се запозна со производите и со начинот на кој функционира AVON и додава дека нејзина најсвежа фасцинација е маскарата Wade Awake. Станува збор за нов производ кој Каролина го претставува во најновата брошура на компанија. Таа во април годинава беше на ексклузивна фотосесија во Варшава, Полска каде под водство на професионална екипа направи серија на врвни фотографии за промоцијата на маскарата Wide Awake и насловната страница на Брошура 13.

ww

– После парфемот Avon Attraction и луксузната декоративна козметичка линија LUXE, маскарата Wide Awake е уште еден производ на AVON од кој не се одвојувам. Презадоволна сум од тоа како течеше фотосесијата во Варшава и особено ме радува финалниот резултат – фотографиите кои може да се погледнат во новата, септемвриска брошура. Ја сакам минималната шминка и маскарата е неизоставен дел од мојот несесер, а со Wide Awake моите очи изгледаат крупни и одморени и трепките се извиткани и со поголем волумен – изјави Каролина на денешната средба со новинарите на кои беше промовирана маскарата како и резултатите од фотосесијата во Полска.

www4

Wide Awake е создадена како резултат на долгогодишни истражувања и иновации на полето на козметиката. Дава моментален ефект на поголеми и повпечатливи очи и креирана е со помош на иновативната AVON TRUE Lift & Lock технологија, која содржи формула 2 во 1: ги витка трепките и додава до 4 пати повеќе волумен. Она што ќе ги задоволи динамичните и енергични жени кои се постојано во движење и немаат многу време за корекција на шминката е фактот што оваа маскара нуди долготраен ефект, благодарение на уникатниот комплекс со кој извитканиот ефект на трепките трае цел ден.

Националниот менаџер за продажба на AVON за Македонија и Црна Гора, Дана Стојкова, посочува дека самиот факт дека Каролина Гочева станала AVON Претставник е одлична инспирација и стимул и други самостојни и амбициозни жени да го сторат истото. Козметичкиот гигант е познат по тоа што постојано го проширува својот продажен тим и им овозможува на сите заинтересирани дополнителна заработка или поинтензивно да ѝ се посветат на оваа професија.

eee

– Во продажната мрежа на AVON има три позиции: Претставник, Координатор и Менаџер. Претставниците имаат привилегии при интернет порачувањето и при продажба на производите заштедуваат и користат различни привилегии. Позицијата Координатор е за оние дами кои во оваа работа гледаат хоби и може да им овозможат на своите пријателки и познати да станат Претставнички и да заштедат при набавката на козметички производи. Додека пак, третата позиција Менаџер е поделена во три нивоа: Јуниор, Сениор и Бизнис менаџер и секое повисоко и понапредно ниво, носи поголема одговорност, како и заработка. Во суштина, AVON им овозможува на сите жени да заработат и да се реализираат, а притоа секоја сама одлучува колку сака да се вложи во работата – објаснува Националниот менаџер Дана Стојкова.

nnn

Компанијата AVON ја прославува 130-годишнината од постоењето, а веќе 11 години функционира и на македонскиот пазар. Од основањето па досега, голем број на светски ѕвезди беа заштитни лица на козметичкиот гигант, меѓу кои и актерите Софија Вергара, Селма Хаек, Рис Витерспун, Кортни Кокс, Патрик Демпси, Жаклин Бисе, Мила Јововиќ, Оливија Вајлд, Меган Фокс, пејачката Ферги, супермоделите Амбер Валета, Јасмин Ле Бон, како и супер-моделот Ирина Шаик.