Карл Густав Јунг: „Не се приврзувај за тие што заминуваат, бидејќи нема да ги запознаеш тие кои наминуваат“

0

Карл Густав Јунг бил швајцарски психијатар, основач на движењето познато како аналитичка психологија. Познавачите на психологијата ќе кажат дека делата на Јунг воопшто не се лесни за читање, но сепак неколку негови познати цитати се толку суштински и едноставни за разбирање.

„Депресијата е како жена во црно. Ако сврати, не ја бркајте. Поканете ја да влезе, понудете ја да седне, третирајте ја како гостин, слушнете што има да каже и пуштете ја да замине“.

„Најголемиот товар за едно дете е неиживеаноста на неговите родители.“

„Сонот е мала скриена врата која води до најдлабоките и најинтимните прибежишта на душата, која пак се отвора на онаа исконска космичка ноќ, долго време пред свесниот разум“.

„Не се приврзувај за тие што заминуваат, бидејќи нема да ги запознаеш тие кои наминуваат“.

„Животот е една кратка епизода помеѓу две големи мистерии.“

„Човек кој не поминал низ пеколот на неговите страсти, тој никогаш и не ги надминал.“

„Вашата визија ќе стане јасна само откако ќе погледнете во вашето срце: Кој гледа надвор – сонува, кој гледа внатре – се буди.“

„Во целиот хаос постои космос, во целиот неред постои скриен ред.“

„Чевелот кој му е точен на еден човек, ќе му биде тесен на друг. Не постои универзален рецепт за живеење кој одговара за сите.“

„Ако човек не ја разбира другата личност, ќе ја смета за будала.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот