Карактерот кој го имаат најуспешните жени

0

Сигурно сте имале можност да сретнете многу успешни жени кои привлекуваат внимание и заслужуваат восхит и почит.

Во изминативе децении расте бројот на жени на важни функции, меѓутоа и понатаму бројката на дами на водечки позиции е мала во однос на мажите. Што е она што најмногу ги спречува жените да дојдат на високи позиции? Од друга страна, што е она што пак некои жени ги води токму на врвот?

Неодманешната студија на компанијата за врaботување и регрутирање на таленти, Caliper, истражува како личните карактеристики можат една жена да ја доведат до успех. Па, така, овие се карактеристиките кои ги поседуваат 85 отсто од успешните жени.

Жените кои знаат кон што се стремаат, имаат одлична кариера, најнапред знаат јасно и директно да ги изнесат своите ставови, во контекст на конструктивното одење кон успехот се агресивни, одлични слушатели се, покажуваат разбирање кон другите, имаат јака самодоверба, начин како да се опуштат од секојдневниот стрес, поседуваат ентузијазам и енергични се.

Ова истражување покажало и дека жените најголемиот предизвик во кариерата го доживуваат кога треба да направат балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот и дека токму стравот од тоа дека нема доволно да им се посветат на сопругот и децата ги кочи на патот кон водечките функции во компании, институции или влади.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот