Камерниот оркестар од Битола со настапи во повеќе македонски градови

0

Kамерниот оркестар од Битола летово ќе настапи во повеќе градови низ земјава. Станува збор за музичка турнеја со проектот „Рок симфони“ во Битола, Кавадарци, Штип и Скопје.

Оркестарот на своите концерти на отворено ќе изведе некои од незаборавните рок хитови на „Квин“, „Дип парпал“, „Лед цепелин“…

Турнејата започнува на 25 јули на Ракометното игралиште во Битола. Во Кавадарци оркестарот ќе настапи на градскиот плоштад, во Штип во отворениот простор во Домот на младите, а во Скопје на плоштадот „Македонија“. Настапот во главниот град ќе се одржи на 31 јули, односно на затворањето на „Скопско лето“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар