Камерата може да го сними моето лице, но се додека не ја долови мојата душа-нема филм.

0

Ал Пачино е актерот кој американската, но и светската јавност му се поклонува заради неговите маестрални филмски оставувања. Човеко полн искуство зад себе, како за кариерата така и за животот.

Ви пренесуваме некои од неговите напознати цитати.

„Јас сум актер, не ѕвезда. Ѕвезди се луѓето кои живеат во Холивуд и имаат базени во форма на срце“.

„Јас сум толку срамежлив, што морам да носам очила за сонце секаде“.

„Мислам дека актерите не треба да очекуваат да ја добијат улогата, заради тоа што разочарувањето е многу големо ако не ја добијат. Мора да размислувате како на можност. Аудицијата е можност за настап пред публика. Вежбајте.“

„Претставите на Шекспир се понасилни од Скарфејс“.

„Актерот станува емоционален атлета. Процесот е тежок и болен – мојот приватен живот е тој што страда“.

„Парите го прават животот полесен. Ако сте среќни да ги имате, тогаш сте среќни“.

„Никогаш не давам мое мислење. Мислењата кои ги имам се за мојот приватен живот“.

„Заборави на кариерата, заврши ја работата. Ако имате чувство дека се движите по вистинска линија, на место каде имате визија дека ќе останете, со време ќе се случи позитивна промена“.

„Камерата може да го сними моето лице, но се додека не го ја долови мојата душа, не може да има филм“.

„Нашиот живот се состои во гледање или напред или назад. Но, каде е моментот сега?“

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот