Калифорнија не сака да го помести времето

0

Државите од Европа и Северна Америка, вклучувајќи ги и САД, за време на една календарска година два пати го корегираат локалното време-на есен еден час наназад, и на пролет еден час нанапред.

Се работи за летното сметање на времето, во кое се воведува додавање на 60 минути на зимското, односно стандардно сметање на времето.

Но сепак, Калифорнија сака да го напушти ова универзално шравило за кое поедини законодавци тврдат дека повеќе штети од што допринесува.
Доколку предлог законот се усвои, Калифорнија ќе им се придружи на Хаваи и Аризона, кои веќе го имаат напуштено зимското поместување на време, односно летното. Законот според кој е регулирано поместувањето на часовникот, во Калифорнија е усвоен недолго по завршувањето на Втората светска војна, во 1949.

Подржувачите на поместувањето на часовникот тврдат дека е тоа корисно поради наводната заштеда на енергија, но резултатите добиени од поедини истражувања укажуваат на спротивен ефект. Противниците на летното сметање на времето тврдат дека летното сметање на времето лошо влијае на луѓето со срцеви проблемии, и дека според статистичките податоци има зголемен број на сообраќајки, како и проблеми при организација на транспорт и работа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот