Какви жени сакаат мажите?

0

Мажите ги сакаат овие жени!

ДЕВОЈКАТА СО КОЈА МОЖАТ ДА РАЗГОВАРААТ

Под овој тип на девојки спаѓаат оние на кои мажите можат да им се отворат и да разговаараат со нив за се она што ги измачува. Ваквиот тип на девојки не само што им се допаѓаат, туку и постојано се присутни за нив и како пријатели, а тоа е многу важно.

ОПУШТЕНИ ДЕВОЈКИ

Во оваа категорија не припаѓаат „лесни “ девојки, туку девојки кои се однесуваат опуштено. Задоволни се од самите себе и не се однесуваат арогантно и непристојно.

МИСТЕРИОЗНИ ДЕВОЈКИ

Мажите сакаат кога со текот на времето дознаваат се повеќе за девојката, а не кога сите тие информации ќе им бидат веднаш сервирани. Затоа девојки, не им откривајте многу за себе, оставете ги мажите да се потрудат околу вас.

ДЕВОЈКА КОЈА ЗНАЕ ДА ГИ НАСМЕЕ

Мажите обожаваат девојки кои имаат добра смисла за хумор. Треба да знаете на кој начин да се шегувате и да знаете кога и кому да ја упатите шегата.

ИСКРЕНА ДЕВОЈКА

Мажите сакаат искрени девојки. Тие сакаат кога девојките се искрени со нив. Никој не сака да биде во врска со некоја која лаже и се бламира.

ДЕВОЈКИ КОИ ЈАСНО И ГЛАСНО КАЖУВААТ СЕ ШТО ИМ ПРЕЧИ

Овој тип на девојки јасно ќе им кажат на мажите се што им пречи и разговараат за сите проблеми.

ДЕВОЈКА КОЈА СЕ ОДНЕСУВА КУЛТУРНО

Ниеден маж не посакува покрај себе да има девојка која кажува недолични работи, која пие и не знае да се изразува. Девојката треба да биде дама.

ДЕВОЈКА НА КОЈА НЕ И ПРЕТСТАВУВА ПРОБЛЕМ ДА БИДЕ БЕЗ ШМИНКА

Мажите сакаат кога девојката не носи на себе премногу шминка, сакаат кога таа пред нив ќе биде во нејзиното природно издание… Сакаат кога девојките со нив можат да се чувствуваат релаксирано и да бидат опуштени, во патики и тренерки. Замислете дека треба да одите на излет во природа, а вие со „кило“ шминка на вас… Па ни тоа не е е прикладно, нели?

ИНТЕЛИГЕНТНИ ДЕВОЈКИ

Секој маж до себе сака интелигентна девојка. Девојка од која нема да се плаши да не го посрамоти секогаш кога ќе проговори.

ДЕВОЈКА КОЈА МУ ПОДАРУВА ЉУБОВ

Девојки, не можете да бидете да бидете скроз ладни кон оној кој го сакате. Подарувајте му љубов. Нормално, не претерувајте во тоа, за да не дојде до посесивност.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.