Какви се полицајците низ светот

0

Сите имаме јасна слика за тоа како изгледа еден полицаец, униформа во темна облека, оружје на појасот, панцир и капа. Но од земја до земја, полициските униформи се разликуваат.

Во Велика Британија, полицајците се познати и под името Боби. Нивната униформа е во црна и бела боја, а градските полицајци најчесто не се вооружени.

anglija

Типичната јапонска полициска униформа е во светло сина боја. Занимлив факт за јапонските полицајци е тоа што тие не се обврзани да се појавуваат на судење како не би биле пристрасни, едноставно само ги доставуваат записниците.

japonija

Франција има два вида на полиција: Национална Полиција и Национална Жандармерија. Првите работат во урнабите средини, вторите во руралните заедници. Униформите им се разликуваат само во капите, но, не и во бојата.

Руските униформи се специфични, бидејќи се направени од природни материјали и волна за да можат униформираните лица да издржат секакви временски услови. Крзното е карактеристичен детал на руската полициска униформа.

rusija

Полициските сили во Австралија започнале со работа во далечната 1789 година, а до денес униформата е речиси непроменета. Се состои од кошула, елек и панталони во две нијанси на сината боја.

avstralija

Чилеанските полицајци или Чилеански Карабинери се горди на својата работа. Доколку ги навредите, може да завршите во затвор за повредување на нивниот углед.

chile

Италија ги има Карабинерите кои своевремено, како дел од војската се постари и од модерната Италија која ја знаеме денес. Италијанските полициски униформи се највпечатливите униформи на светот.

italija

Јорданската Полиција е прва арапска полиција која има полицајки во своите редови, а првата полициска академија отворена е дури во 1972 година.

jordan

На официјалните профили на социјалните мрежи, како Инстаграм и Твитер, исландската полиција самата се нарекува како највеселата полиција во светот. Сепак, униформите не им се толку забавни.

island

Кралската полиција на Бахамите е вистинска културна икона. Освен што се грижат за јавниот ред и мир, еден полицаец на Бахамите мора да носи невообичаена облека кога има важен настан и да биде дел од музичко – танцувачки перформанси.

bahami

И веројатно, виетнамската полициска униформа е највесела на цел свет. Полицајците во Виетнам носат униформи во различни бои од светло кафена, темно кафена, па дури и маслинесто зелено што често ги збунува туристите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.