Какви се хороскопските знаци на новогодишната ноќ ?

0

Ако имате бар основно познавање од астрологија, веројатно веднаш би ги идентификувале хороскопските знаци во толпата.

Секој хороскопски знак си има својствен белег, нагласена карактеристика која излегува на површина во различни ситуации.

Според тој астролошки белег, погледнете како се однесуваат знаците на дочек на Нова година…

Овен
Многу е веројатно дека прво ќе го слушнете овенот, пред да го видите. Без разлика на тоа за каква забава се работи, ќе ги слушете како се фалат за количината на алкохол што се способни да ја испијат (а способни се). Овните се среќни што покрај себе секогаш имаат пријатели што ќе ги спасат последиците на нивните лудории. Тие се радуваат на новогодишните и Божиќните празници како мали деца, а нивната радосна енергија ќе ја почувствувате оддалеку.

Бик
На биковите им се допаѓа удобноста, па би сакале да ја дочекаат новата година во удобноста на сопствениот дом. Веројатно ќе ги поканат сите свои пријатели и ќе се погрижат забавата да биде на високо ниво, почнувајќи од уникатните, креативни празнични декорации, се до друштвените игри кои на гостите ќе им приредат незаборавна ноќ. Биковите се први кои ќе заиграат на подиумот, а вие со задоволство ќе им се придружите.

Близнаци
Се подготвувате да ја дочекате новата година во друштво на близнак? Среќно – бидејќи ќе ви треба многу енергија за да го пратите неговото темпо. Близнаците се социјални зависници и нема да дозволат да пропуштат одредена забава. Наместо да одберат една локација, тие со задоволство ќе прелетуваат од место на место, за да бидат во тек со сите случувања. Дури и ако легнат во својот кревет сами, тие дома со сигурност ќе донесат неколку собрани телефонски броеви.

Рак
Раковите преферираат да организираат новогодишна забава, отколку да присуствуваат на некоја. Раковите се грижливи и тие несомнено ќе се погрижат да бидете безбедни, згрижени и беспрекорно услужени. Иако емотивни и со романтичен пристап, тие знаат како да шармираат некој што им се допаѓа, на неодолив начин. Забавата во нивно присуство ви е загарантирана.

Лав
Не е тешко да забележите лав, помеѓу останатите смртници. Како вистински кралеви, тие се секогаш во центарот на вниманието, танцуваат на маси, кажуваат шеги. Ним им се допаѓа се што е екстравагантно. Добрата храна, вино и пријатели е совршен рецепт за да усреќите еден лав. Тие секогаш знаат каде е најдобрата забава, па доколку се мислите како да ја прославите новата година, обратете се на вашиот пријател лав.

Девица
Што би правеле без Девица во нашиот живот? Веројатно не би знаеле каде се случува целата забава и кој е најдобриот начин да завршите таму. За девиците, половина од забавата е подготовката за новогодишната ноќ. Тие се пристојни дури и кога ќе испијат многу и нивните очи се присутни насекаде. Знаат како да се забавуваат и таа енергија ја пренесуваат на околината.


Вага
Исто како и близнаците, вагите се социјални зависници и голема е веројатноста дека нема да се задоволат само со една забава. Друштвената, шармантна вага ќе се погрижи сите присутни да бидат вклучени во се што се случува, ќе разговараат со сите на секакви теми. Тоа се луѓе кои нема да дозволат негативни емоции на новогодишната ноќ или на било која забава, вклучувајќи го својот шарм секогаш кога е потребно да се ”смири топката”.

Шкорпија
Без разлика дали се смее, танцува или не прави ништо, шкорпијата никогаш нема да дозволи да направи будала од себе. Тие секогаш се грижат за својот углед и негово одржување, па дури и по цена на добра забава. Сепак, ако успеете да допрете до нив и да ги опуштите, ќе видите неодолива страна од шкорпиите што ќе ве импресионира.

Стрелец
Секогаш можете да го детектирате стрелецот на новогодишната забава, бидејќи со сигурност ќе биде во центарот на вниманието, раскажувајќи приказни за најновите авантури. Исто како лавовите, танцуваат по маси ако нивото на консумиран алкохол им е на соодветно ниво и секогаш наредното утро се будат со модринки по телото бидејќи удриле во работ на некоја маса додека лудувале. Стрелците веројатно ќе ја прошетаат цела просторија и ќе навлезат во разговори со повеќето присутни.

Јарец
Ако Нова Година беше тест – Јарецот ќе го освоеше . Тие ги познаваат сите традиции, бидејќи претходно ги истражиле. Тие уште сега имаат испланирано што ќе облечат и како ќе изгледаат, исто како што точно знаат кого би сакале да бакнат на полноќ. Во нивниот ум, познавањето на традицијата и обичаите во комбинација со сопствениот дух ја зачинуваат забавата.

Водолија
Верни обожаватели на добрата забава, тие сакаат да бидат постојано околу луѓе и всушност можат да бидат едни од ретките знаци кои не се чувствуваат возбудено кога ќе чукне полноќ. Ќе ги најдете во самиот центар, како танцуваат помеѓу најголемата толпа, а нивната страствена енергија едноставно ќе ве освои.

Риби
Слично како раковите, рибите ќе се грижат за своите пријатели. Со малку повеќе алкохол тие ќе им бидат урнебесно забавни на останатите, бидејќи ќе отријат нова, невообичаена страна од себе. Поради нивната сентиментална природа, ќе покажат колку многу ве сакаат и се среќни што ве имаат во животот. Караокето е задолжително во нивна близина, а тие ќе бидат главните ѕвезди на вечерта со што ќе ги откријат своите емоции на здрав начин.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот