Какви чанти ќе носиме оваа есен?

0

Иако сме на средината од летото, многу дизајнери и он-лајн продавници започнаа да се подготвуваат за сезоната која следи, есен 2016-та.

Идната сезона ќе бидат актуелни чанти со помали димензии, изработени од кожа и антилоп. Оваа есен актуелни ќе бидат чанти во темно црвена боја, пастелни нијанси и сина боја.

На улиците низ големите метрополи, следната сезона ќе гледаме чанти со долги прерамки, поштарски модели, чанти кои имаат преклоп за затворање, мали чантички со елегантни синџирчиња во топлата боја на златото.

Со сигурност, оваа есен ќе биде интересна за жените кои обожаваат чанти и никогаш не им е доста од нив!

965 (1) 965 (2) 965 (3) 965 (4) 965 (5) 965 (6) 965 (7) 965 (8) 965 (9) 965 (10) 965 (11) 965 (12)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар