Каква мајка си кога одиш по кафеани и сакаш одмор без деца?!

0

Имате ваква ситуација: мајка на две деца, петок вечер договара излегување со другарките, а децата ги остава на чување со таткото или некоја од бабите.

Реакцијата на поголем дел од мајките(оние од кои почнува мајчинството) се вџашени од ваквиот начин на однесување бидејќи не одговара на поставените стандарди.

Ако сте мајка која сака да излезе од родителскиот шаблон кој е поставен од општеството, сигурно досега сте се соочиле со вакви прекорни погледи и прашања кои ве иритирале бидејќи целта била да ве направат неспособни.

Другата цел е да ви навлезат во приватноста, иако не сте ги поканиле.

Па следат вакви прашања:

Каква мајка си, а излегуваш навечер и остануваш до ниедно време со другарките?

Каква мајка си што седиш по кафиња?

Каква мајка си, секогаш средена во косата и тазе бојадисана?

Каква мајка си, секогаш имаш надградени нокти?

Каква мајка си, а одиш на пливање и вежбање – кај ти се децата?

Каква мајка си кога седиш со колеги на пијалок после работа?

Каква мајка си, а спиеш до 10?

Каква мајка си – носиш облека на хемиско, не пеглаш???

Каква мајка си, а можеш да издржиш еден ден без децата?

Каква мајка си, а сакаш да излезеш со маж ти сама на вечера?

Каква мајка си ти, а не знаеш кои витамини се даваат на деца во зима?

Каква мајка си, а пиеш алкохол?

Каква мајка си, а не готвиш ручек секој ден, туку го купуваш?

Каква мајка си….???

Овие прашања би оделе до бескрај, во недоглед со осудувачки погледи и прашалници на сите страни.

Сакате да знаете за каква мајка станува збор?

За мајка која знае дека е жена и која има потреба да најде време за себе.

За мајка која сака живот надвор од семејниот, која не сака да биде роб на обврските туку да ужива во животот, оти е само еден. Онаа која сака повремено да направи нешто за себе, да биде себична во очите на другите.

Мајка која знае дека таквото однесување ќе влијае многу позитивно на нејзиниот живот, а со тоа и на животот на семејството, мајка која знае дека среќата е најважна во животот, а не мислењето на другите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот