Каков свет им оставаме на нашите деца

0

Она што денес е нечие дело, утре ќе биде последица за некој друг. Сте се запрашале ли некогаш каков свет посакуваме да оставиме за нашите деца?

За нашите најмили, оние кои допрва треба да научат да чекорат, да составуваат реченици, оние невини очиеа кои не виделе зло, оние деца кои допрва треба да ги вкусат горчините на животот…

Ова не е порака до тебе, до соседот, до шефот, до лекарот, до властите… Ова е масовна порака за светот кој треба да го оставиме на нашите деца. Кога велам нашите, не мислам на само на моите и децата на моите најсакани, мислам на сите деца кои ќе бидат жители на планетата Земја.

Да им оставиме свет без војни. Оти џабе борбата за територии која ја плаќаме со детска невина крв и згаснати животи.

Да им оставиме хуман свет. Свет во кој е важно и неопходно да им се помага на послабите, понемоќните, оние изморените од ударите на судбината.

Да им оставиме свет каде историја ќе бидат убавите дела. Нека бидат тоа и мали дела на љубов, добрина и љубезност.

Да им оставиме свет каде најважни ќе бидат прашањата „Како си?“ и „Како да ти помогнам?“, а не прашањата „Колкава плата земаш?“ и „Од каде ја купуваш брендираната облека?“

Да им оставиме свет во кој ќе бидат слободни да го искажат своето мислење, без страв да имаат право на глас и да бидат слободни при изборот на својата идна професија и партнер.

Да им оставиме свет во кој културата ќе биде поважна од политиката.

Свет во кој љубовта ќе има многу повеќе вредност од кредитните картички со неограничен лимит.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.