Каков е вашиот карактер според кафето што го пиете?

0

Пиењето кафе е омилен ритуал на многу луѓе. А видот на кафето кој ви е омилен за конзумирање, многу говори за вашиот карактер.

Филџан црно кафе наутро
Иако не сте најведрата личност на целиот свет, луѓето можат да се потпрат на вас. Во работата која ја обавувате сте исклучително сериозни и организирани. Секогаш први се јавувате за обавување на некакви ситници, дури и кога не сте правиот избор за таа задача.

Кафе од француска преса
Креативниот неред е ваше второ име. Иако е вашата работна површина преполна со расфрлани работи, вие сте личност која најдобро се снаоѓа кога е под притисок, или барем така си велите самите на себе.

kafe

Еспресо после ручек
Некои ве нарекуваат и мрзлив, но вие се сметате за личност која го живее животот со полна пареа. Сопствената пријатност ви е на прво место, и не се плашите да се почастите со работи кои ве прават посреќни.

Кафе со млеко и шеќер во голем филџан
Вие сте многу креативна личност. Уживате во долги и сериозни разговори но и во разменување на секојдневни информации. Па најчесто се случува да ги знаете сите трачеви.

Кафе на секои неколку часа без разлика на врстата
Се нарекувате самиот себе љубител на кафе, а всушност сте личност под константен стрес, со кој тешко се носите. Поради огромниот број на обврски кои ги имате и дома и на работа, клонирање за вас е одлична идеја.

kafe 2

Какво кафе, само чај
Вие сте личност која се сака себе, а уживате во тоа да бидете различни од сите останати. Самотник сте, бидејќи уживате во времето кое го трошите на своите мали задоволства.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.