Каков човек сте според начинот на кој седите

0

По напорниот ден, доаѓаме дома, облекуваме тренерки и ја заземаме нашата омилена позиција на креветот или на фотелјата.

Секако, изморени од работа сакаме малку одмор.

Дали понекогаш сте обрнале внимание на вашата омилена позиција за седење или лежење?

Стручниот експерт за говор на тело Роберт Филипс вели дека несвесниот избор на позиција на фотелјата или креветот пред телевизорот, открива многу повеќе за нас отколку што мислиме.

Истото го потврди и истражување спроведено од страна на британска компанија за производство на гарнитура и мебел за домот.
Нивното истражување се базира на 2.000 испитаници, а го открива значењето на позицијата што тие ја  заземаат кога се опуштени.

Што открива начинот на седење за луѓето, резултатите се интересни…

relax-at-work

Исправен грб, нозе на подот
Оваа формалана позиција го издава стресот на телото и „грчењето“, исто така значи дека тешко се опуштате.
Најчесто е карактеристична за луѓето кои играат на сигурно и не мислат дека се многу добри на работното место. Но сепак имаат добра кариера.
Најчесто истите се задоволни од животот и љубовната врска.

Турско седење
Оваа позиција е карактеристична кај здравите, активни и витки луѓе кои имаат богат сексуален живот.
Не заработуваат премногу, а спаѓаат во онаа група на луѓе кои се задоволни од својата работа.

couple-sitting-on-couch-both-working_web

Подвиткани колена и стапала на тросед
Иако оваа позиција на седење се поврзува со анксиозност, истражувањата го покажуваат спротивното.
Според статистиките личностите кои практикуваат ваков начин на седење се задоволни со себе, лесно ги поднесуваат стресните ситуации и ја сакаат својата работа иако не заработуваат многу, дружељубиви се и задоволни од сексуалниот и љубовниот живот.

Прекстени нозе
Луѓето кои во својот дом седат со прекрстени нозе сакаат да се опуштат, но секогаш се подготвени за одбрана.
Имаат добра концентрација, самоконтрола и добро заработуваат иако не се големи обожаватели на сопствената работа.
SITTING+SOFA

Седење на средина на каучот со раширени нозе
Најчесто оваа позиција на седење открива личности кои се талентирани и го живеат својот живот со полни гради. Сакаат да работат и одлично заработуваат иако не се задволни од својата кариера.

Позиција со потпирање на раце
Многу луѓе имаат обичај да седнат потпрени на раце и да изгледаат како да ќе станат во секој момент. Токму така и се чувствуваат. Оваа позиција опишува луѓе кои се постојано под стрес и кои немаат време да се опуштат поради своите „трчаници“.

Лежење како во кревет
Иако каучот и фотелјата не се кревет, личностите кои ги користат на таков начин, најчесто се мрзоволни дури и кога станува збор за нивната работа. Најчесто бараат било каков начин да се опуштат. Себеси се сметааат за успешни и добро заработуваат.

 

Во која позиција се пронајдовте вие?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот