Како вашето дете успешно да ги надмине првите училишни денови?

0

Подгответе се себеси и детето за поаѓање на училиште: Пет најдобри совети за да ги надминете успешно првите училишни денови!

За секое првоодделенче, поаѓањето во училиште е голема промена. За да се адаптираат полесно на оваа промена и да го засакаат училиштето, многу е важно, родителите да бидат трпеливи и сталожени, што е навистина тешко токму поради нивните секојдневни обврски.
Милица Стојилјковиќ, советник за личен и организациски развој и мајка на минатогодишен првоодделенец открива како на вашето дете да му го олесните преминот од градинка во светот на клупата, тетратките, книгите…

„За да биде успешно детето во училиште мора да почувствува дека е сакано, дека родителите го разбираат и се стрпливи, исто така е важно тие да не го споредуваат со другите деца.

Многу е значајно да му покажете на детето дека тоа што го прави е важно, како и да добива пофалби и за најмалиот напредок, бидејќи училиштето е голема промена за вашето дете, толку голема што родителите не ни можат да замислат.“

Таа додава дека и двајцата родители треба да го имаат истиот став и однос за да не би го збуниле детето.

Како што и возрасните сакаат да ги имаат сите информации однапред, за да можат подобро да се припремат и организираат на новата средина, така е и со децата, без разлика на возраста. Затоа на децата треба да им се каже вистината за се околу училиштето на јазик кои тие го разбираат.
Исто така, важно е да се објаснат сите предности на промените кои доаѓаат во неговиот живот.

„Бидете реални, но оптимистични. Објасните му на детето дека училиштето е место каде ќе се стекне со знаење и образование кое е многу значајно за неговиот живот, дека ќе запознае нови другари и ќе има учителка, дека поголемиот дел од времето ќе го поминува во училница, но и дека нема да може цел ден да си игра како во градинка, дека ќе мора внимателно да слуша и учи. Дека е во ред некогаш нешто да не знае и да не разбере, да добие лоша оцена, но дека многу е важно да праша што не му е јасно и да добие одговор.“ Објаснува Милица Стојилјковиќ, која минатата година ги применила овие совети врз своето дете и кои покажале одлични резултати и кај него и кај другите деца со кои работела во центарот за личен развој „Lepo mi je.“

Пет најдобри совети за да ги надминете успешно првите училишни денови:

* Додека трае адаптацијата, уште пред да замине на училиште, земете неколку слободни денови и посветете се целосно на вашето дете. Внимавајте на неговите промени за да може по две недели полека да го „пуштите“ на училиште.
* Запознајте се со родителите на децата од неговото одделение.
* Опуштете се, училиштето не е страшно. Внимавајте како се однесувате бидејќи тоа што го чувствувате може многу лесно да влијае на вашето дете.
* Ослободете го детето од вонучилишните активности, не го запишувајте на курсеви, предавања, спортски активности…
* Купете му часовник.

извор: superzena.b92.net

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.