Како туширањето со ладна вода може да ви го промени животот?

0

Туширањето со ладна вода можеби не звучи како највозбудливата работа на светот, особено ако живеете на студено место.

Сепак, докажано е туширањето со ладна вода е добро за вас и може да го промени вашиот живот.

Кои се здравствените предности при секојдневно туширање со ладна вода?

-Ја зголемува будноста
-Го подобрува вашиот имунитет
-Ја ублажува депресијата
-Го зголемува крвниот притисок
-Го подобрува сонот
-Го подобрува тестостеронот
-Го забрзува метаболизмот
-Го активира губењето на калории

Доколку сите овие промени кои ќе се случат во вашето тело не се доволни за веднаш да почнете да ја стварате оваа навика, во прилог ви нудиме 5 психолошки и ментални промени кои ќе ги почувствувате ако секојдневно се туширате со ладна вода:

1. Ќе научите да прифаќате
Кога ќе почнете да станувате секое утро од креветот знаејќи дека треба да влезете под ладен туш, тогаш постепено учите да прифаќате дека некогаш треба да направите нешто што не сакате доколку тоа влијае позитивно врз вас. Кога учите да прифаќате тогаш учите како да бидете благодарни на она што го имате.

2. Ќе научите да останете приземени
Можеби сте со главата во облаци и мислите дека сте посилни од останатите, но моментот кога влегувате под ладен туш и вие исто како другите ќе вриснете и ќе посакате водата да биде потопла.
Откривајќи го ова секое утро ќе ве држи повеќе на земја и ќе ве потсети дека и вие сте обично човечко суштество, како останатите.

3. Ќе научите да толерирате
Еден совет до сите што сакаат да постигнат нешто во животот – мора да научите да ви биде неудобно.
Оние кои очекуваат животот да биде секогаш удобен, ќе завршат размазени и секогаш незадоволни.
Туширањето со ладна вода не учи на истото, на различен начин. Не учи да толерираме стрес и непријатни ситуации. Умот учи да најде начин како да се избори со ситуации кои влијаат да се чувствуваме стресно и анксиозно.

4. Ќе се научите на дисциплина и силна волја
Не постои помоќно оружје од силната волја. Таа одлучува што ќе биде од вашиот живот. Таа е мерило колку ќе одолеете на искушенијата, колкава контрола ќе имате врз зависностите, колку ќе бидете наспиени и здрави и каква личност генерално ќе создадете од себе си.
Со создавање навика да се туширате секое утро со ладна вода, вие ќе ја подобрите вашата волја и дисциплина, а тоа позитивно ќе се одрази во многу сфери од вашиот живот.

5. Ќе научите како да медитирате
Многу луѓе се обиделе да медитираат, но нешто не им успевало. Се верува дека тајната е во начинот на кој дишеме. Кога ќе ја почувствувате ладната вода, телото веднаш природно ќе реагира и вие ќе дишете забрзани. Доколку успеете да го контролирате темпото на дишење, вие сте чекор поблиску до успешна медитација.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот