Како Тесла го замислувал нашето време – од 2010 до 2035 година?

0

Во статијата објавена во списанието Liberty во февруари 1937 година, големиот иноватор Никола Тесла зборува за не толку далечната иднина. „Ми се чини дека отсекогаш бев пред своето време“, рекол Тесла.

За Никола Тесла во 1937 година веќе се знаело дека е татко на телевизијата, радиото, преносот на енергија, индукциониот мотор и откритието на космички зраци. Во тоа време објавил дека постои дотогаш непознат извор на енергија, присутен насекаде околу нас и во неограничени количини.

Во времето кога статијата била објавена, работел на уред за кој тврдел дека иднините војни ќе ги направи бескорисни.

Големите физичари, како што се Келвин и Крукс, зборуваат за неговите пронајдоци како за чуда. „Тесла поставил основи за нови достигнувања ширум светот… Тоа што тој го прикажал и претставил е откритие за науката и уметноста на сите времиња“, вели професор А.Е Кенели од Харвард.

„Кога би требало да се откажат од резултатите на работата на господинот Тесла, тркалата на индустријата би престанале да се вратат, би застанале електричните возови и автомобили, нашите градови би биле во мрак“, вели Б.А Бехренд, славен писател и инженер.

Иднината на Тесла

„Предвидувањето е неблагодарно. Ниеден човек не може да гледа предалеку во иднината. Напредокот и пронајдоците се развиваат во различни насоки од тие што сме ги предвиделе. Такво беше моето искуство, иако си ласкам што настаните потврдија многу развојни насоки кои ги предвидов во првата третина на 20. век.

Изгледа дека секогаш бев пред своето време. Чекав 19 години да проработи електраната на Нијагара заснована на мојот систем, минаа 15 години пред мојот патент за безжичен сигнал, кој го објавив во 1893 година, да најде универзална примена. Најавив космички зраци и теорија за радиоактивност во 1896 година. Едно од најзначајните откритија – резонантноста на Земјата – како основи на безжичниот пренос на енергија, која ја објавив во 1899 година, многумина не ја разбираат ни денес. Речиси две години откако го објавив преносот на електрична енергија околу целата планета, Едисон, Стеимец, Маркони и другите тврдеа дека е невозможно со безжичен пат да се пренесе сигнал преку Атлантикот. Со оглед на тоа дека навестив толку многу значајни откритија, мислам дека нема многу да погрешам ако се обидам да предвидам како ќе изгледа 21. век.“

Буда, Исус, механицизам

Напредокот, било каков, е невозможен доколку нашите напори не се насочени кон зголемувањето на благосостојбата, мирот и создавањето. Според тоа механицистичко сфаќање на животот е единствено со учењето за Буда и Исус.

Иако не сум верник во ортодоксна смисла, се потпирам на религијата. Прво, бидејќи секој човек мора да има идеал – религиозен, уметнички, научен или хуманитарен – за неговиот живот да има некаква смисла. Второ, бидејќи сите религии содржат мудри препораки за добар живот кои важат денес како и во времето кога настанале.

Јас овие идеи ги изнесов многу пред бихевиористите, предводени од Павлов во Русија и Ватсон во САД, да објават концепт за своите нови психологии. Ова, очигледно механистичко сфаќање не е спротивно со етичките сфаќања на животот. Општото прифаќање на овие постапки не би ги уништило религиозните идеали: Денес будизмот и христијанството се најголеми религии, и по бројот на верници и по значење. Верувам дека нивните суштински сфаќања ќе изградат нова религија на човековата раса во 21. век.

nikola-tesla-predviduvanje-idnina-03

Цутење на сомилоста и сожалувањето

Во 2100 година развојот на животот ќе биде под целосна контрола на науката. Во минатото, со законот за борбата за опстанок, во главно исчезнале малите подобни особини. Човековото ново чувство на сожалување се спротивставува на делувањето на природата. Како резултат од тоа, ќе продолжи зачувувањето на животот, но и развојот на недоволно прилагодените припадници на човековиот вид.

Единствена метода која би одговорила на нашето чувство за цивилизирано однесување е стерилизација и потиснување на сексуалниот инстинкт кај неприлагодените единки.

Неколку европски држави и САД одлучуваат да стерилизираат криминалци и ментално заболени лица. Тоа не е доволно. Научниците константно вршат притисок основањето на брачната заедница да се направи што потешко. Секој што не е добар родител да му се забрани да создава потомство.

Хигиената и физичката култура ќе бидат признати делови на образовниот систем и државниот апарат. Министерот за хигиена и физичка култура, во 2035 година, во владата на тогашниот американски претседател, ќе бидат позначајни од министерот за одбрана.

Повеќето луѓе умираат и се разболуваат од загадена вода отколку од кафе, чај, чад и други стимуланси. Лично се откажав од сите тие стимуланси. Исто така, практично не јадам месо. Убеден сум дека за 100 години од сега чајот, кафето и цигарите нема да бидат толку примамливи како денес. Алкохолот и натаму ќе се користи, бидејќи тој не е стимуланс, туку проверен еликсир на животот.

Едноставно, повеќе нема да биде во мода организмот да се труе со штетни состојки. Природната храна, како што се млекото, медот, житарките, ќе бидат основа во рестораните во 21. век.

Војни против незнаење

Пред крајот на следниот век, системското пошумување и научното управување со природните ресурси ќе значи крај за сушите, шумските пожари и поплави.

Универзалната примена на водената енергија и нејзиниот пренос на голема далечина ќе овозможи секое домаќинство да дојде до евтина енергија, па ќе престане потребата за согорување на течностите.

Денес и најцивилизираните земји во светот максимумот од своите приходи го трошат на војни, а минимумот на образование. Во 21. век тој однос ќе се измени. Ќе станат славни оние кои добиваат битки против незнаењето, отколку оние кои умираат на бојното поле.

Напредокот ќе биде невозможен доколку луѓето продолжат со дивјачката пракса на меѓусебно убивање. Од својот татко и упорен борец за мир, наследив голема омраза кон војната. Војните нема да ги спречиме ако ги ослабиме силните, туку така што секој народ, слаб или јак, ќе биде во состојба сам да се одбрани.

„Безбројните работи кои денес кои денес ги вршат луѓето ќе ги замени раката на автоматот. Токму во овој момент, научниците низ американските универзитети настојуваат да создадат нешто како машина која мисли. Таков развој и претходно предвидував”, рекол научникот.

Извор: Точка.мк

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот