Како технолошките гиганти ги добиле своите имиња

0

Сигурно знаете како вашите родители дошле до вашето име, но дали некогаш сте се запрашале зошто одредени компании се викаат баш така како што ги знаеме? Сте се запрашале ли кој му бил кум на Гугл, на пример? Дознајте ги интересните приказни за тоа како настанале имињата на неколку технолошки гиганти.

Google

Идејата за името почнала како шега за бројот на информации кои можел да ги пребарува овој познат пребарувач. Прво требало да се вика Googol , односно број кој означува единица после која следат сто нули. Но, кога основачите го поднеле својот предлог кај инвеститорот, тој предложил да се промени во Google  и денес тоа е името на најкористениот интернет пребарувач.

google-sign-new-logo

Microsoft

Терминот е создаден од Бил Гејтс, и е кованица од “micro” и “software”.

microsoft-logo

Samsung

Името доаѓа од корејска кованица која означува моќност и големина.

samsung_logo_seo

Apple

Стив Џобс ја основал оваа позната компанија, но не можел да најде соодветно име за неа. Ги прашал сите вработени за предлог, но бидејќи никој не дал предлог до крајниот рок, тој започнал одново да размислува. Во моментот, јадел јаболко.

apple-icon-apple

Adobe

Доаѓа од името на реката која тече зад куќата на основачот на Adobe компанијата, Џон Варнок.

Adobe

Cisco

Терминот се смета дека е скратеница за Сан Франциско, каде што е и седиштето на компанијата.

a8b2bc44413535.560775980f21b

HP

Основачите Бил Хјулит и Дејв Пакард фрлале ждрепка чие презиме да стои прво на заедничката компанија и извлекле HP, односно Hewlett &Packard.

hp-logo2

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот