Како се однесуваат жените кога никој не ги гледа

0

Машката замисла за приватните моменти на жените изгледа многу поинаку. Најчесто, тие мислат дека жените кога се сами се шетаат во фина долна облека, секогаш се средени, имаат совршена фризура, јадат како вистински дами, поточно целото нивно однесување е такво – како од филм.

За волја на вистината, има и жени кои навистина го практикуваат тоа, но останатио дел се многу послободни во однесувањето и уживањето сами со себе.

Наутро не стануваат со изглед како од списание, туку мора да се потрудат за да изгледаат така. Кога се во бањата, не изгледа се филмски како што е замислата на мажите. Најчесто, гледаат да завршат по неколку работи одеднаш, како миење заби, туширање, средување влакна на нозете и слично.

После работа, кога не сакаат да готват или немаат ништо зготвено од претходно, сакаат повремно да се „почестат“ себеси со брза, високо калорична храна, јадејќи ја пред телевизорот со омилената серија.

Кога сме кај готвењето, сакаат да бидат комотни кога готват, па често тоа може да биде во пижами, во долна памучна облека, во старата маица од поранешното момче или некоја друга памучна која ја користат во вакви моменти.

После вежбање не изгледаат како Кармен Електра во „Чувари на плажата“, туку се изморени и испотени.

На вечерите со другарките, не си замислувајте дека се тепаат со перници на „најсладок можен начин“ и дека си прават фризури. Не – туку јадат пица, пијат пиво и сакаат да озборуваат. Не секогаш, но повремено ја практикуваат оваа социјална активност.

Однесувањето на жените кога се сами, на еден комичен и забавен начин преку илустрации го пренесува на нејизниот Инстаграм профил, американската уметница Сали Никсон.

Погледнете ги фотографиите во продолжение:

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот