Како се однесуваат несреќните луѓе

0

Ако тагата и негативните чувства се појавуваат повремено, тоа е сосема во ред бидејќи сите сме луѓе кои понекогаш поминуваат низ тежок период. Но доколку негативното чувство е постојано тука, тогаш станува збор за хронична состојба на која треба да се работи за да се подобри или во целост да се отстрани. Една од карактеристиките на хронично несреќните луѓе е  што постојано чекаат подобра иднина. Тие се луѓето кои велат “ќе бидам среќен еден ден кога…”

А што ако тој ден не дојде? Што ако пак дојде биде пропуштен заради негативниот став на личноста. Никогаш не се знае што може животот да донесе и во која насока ќе не однесе. Уште една карактеристика е тоа што се оптоварени со подобрување на финасниската состојба, момент што треба да им донесе среќа. Едно истражување покажало дека кај екстремно сиромашните семејства има поголеми шанси за искрена среќа отколку кај луѓето кои се наоѓаат на спротивната страна.

Овие луѓе знаат да се затворат дома да избгнуваат луѓе, а на себе гледаат како на жртви кои никој не ги разбира. Интересно е што така се претставуваат на другите околу нив. За нив животот е тежок и никој не го разбира товарот што го носат. Тоа се луѓе чија јака страна е песимизмот, тие секогаш имаат приговор за се и се жалат, а проблемите кои треба да ги решат ги оставаат на страна за некое друго погодно време за нивно решавање. Знаат да бидат љубоморни на другите, а притоа не прават ништо за да ја подобрат состојбата.

Секој проблем има решение, само е потребно време, енергија и одлучност.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.