Како се однесуваат бубалици во 50-тите години од животот?

0

Се сеќавате на мега популарната игра Тетрис? Ви недостига?

Токму заради тоа чувство, овој човек решил на целата ситуација да и ‘пријде’ мегаломански.

Џејмс Њуман се надминал себеси и очекувањата на другите со тоа што изградил свој компјутер наменет само за тетрис.

50-сет годишниот Британец е машински инженер за софтвер. Неговиот компјутер има мегапроцесор, зафаќа цела една соба во неговата куќа во Шелфорд.

13664857_10210506749132836_2001913447_n

“Секоја вечер работев по три часа, морав комплетно да ја преуредам собата, да ги тргнам сите книги и полици за да направам простор за мојот компјутер” – изјавил тој.

Целпсниот трошок за ова задоволство изнесува 51 000 долари, за период од 5 години.

“Јас не планирав да потрошам толку многу пари на почетокот, но како растеа моите амбиции, така растеа и трошоците.Ако има соприга, веројатно досега ќе ме напуштеше” – вели Њуман.

И која е целта на неговата мака? Компјутерот е милион пати побавен и има многу помала меморија отколку обичен статичен компјутер.

Единствената функција која добро ја врши е играње тетрис!

Њуман наскоро планира да ја отвори својата куќа за посетители за да може на светот да му го покаже своето дело.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.