Како се облекуваат успешните жени?

0

Кога треба да се облечете за да импресионирате некого, на кого да се угледате, ако не на популарните жени со стил. Само, за разлика од нив, повеќето од нас не се богати. Сепак, и тоа не е проблем… Погледнете како се облекуваат, и комбинирајте. Сигурно имате барем по некое од овие парчиња во својот гардеробер.

Костум по мерка – облекувајте се како шеф, во класичен костум.

1477358943004_blue-suit

Син костум – дајте му свежина на класичниот костум така што ќе одберете сина варијанта. За секси наместо класичен изглед, оставете ја блузата дома, само закопчајте го палтото.

1477358943010_collared-white-shirt-and-jeans

Бела кошула без јака – без разлика дали одите на состанок или на кафе со пријателките, ова е вистинскиот избор.

1477358943019_leopard-coat

Палто со леопард принт – дополнете ја црната комбинација со капут, со леопард принт, исто како познатите дами.

 

1477358942982_black-flats

Црни рамни балетанки – кога сте зафатена и трчате по цел ден, наместо тоа да го правите на високи потпетици, можете да го правите во балетанки… Удобни се и оддаваат слика на стил.

1477358943027_pleated-skirt

Плисирана сукња – иако сите ги сакаме рамните, едноставни сукњи-молив, плисираните сукњи се подеднакво стилски и шик.

1477358943023_little-black-dress

Мало црно фустанче – можете да го носите секогаш и секаде.

1477358943032_white-jumpsuit

Бел комбинизон – делува стилски и софистицирано. А можете да го носите и на работа и ако седнете на по еден пијалак по крајот на работното време.

1477358943015_floorlength-yellow-gown

Долг жолт фустан – кога одите на забава, издвојте се од толпата носејќи жолт фустан.

1477358943032_watch

Часовник – успешните жени секогаш внимаваат на асесоарите, но никогаш не излегуваат од дома без часовник на раката.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.