Како се менува женското тело по 20-тите години

0

Од моментот кога се раѓаме до моментот кога комплетно сме влезени во светот на возрасните, во телото се случуваат многубројни промени…

Најголемата промена се случува за време на пубертетот, а почнува помеѓу 8-9 години до 12-13 кај девојчињата.
Меѓутоа нашето тело не престанува да се развива и понатаму, па промени настануваат и во дваесеттите години.

Што точно се случува во женското тело со полни 20 години прочитајте во продолжение…

Коските и понатаму стануваат посилни
Зацврстувањето на коските продолжува и во 20-тата година, па најдобро е да имате исхрана богата со калциум и витамин Д, како и редовно да го вежбате телото.
Исхраната и вежбањето заедно ќе го стимулира растот на коскените клетки.
Откако ќе влезете во менопауза , ќе почне да губи коскената маса побрзо, но ако ви се пополни потребниот депозит, подоцна нема да го имате овој проблем.

Постепено се зголемуваат килограмите
Тежината нормално продлжува да се зголемува и по 20-тата година, поради зголемување на телесните масти во однос на тинејџерскиот период.
Место на паника не би требало да има доколку правилно јадете и внимавате на оброците.zenski-magazin-kako-se-telo-menja-u-dvadesetim(3)Кожата помни се што сте и правеле
Ако кожата запрела со промените кои сте ги имале порано, тоа не значи дека сега таа е здрава.
Ако премногу се изложувате на сонце додека сте млади, ова подоцна може да има негативни ефекти.
Внимавајте на кремот што го користите и постојано негувајте ја кожата. Сонце не се препорачува често.

Редовен менструален циклус
Околку 20-тата година менстуалниот циклус станува поредовен. Ако порано не било така, во овој период организмот станува позрел и плоден.
zenski-magazin-kako-se-telo-menja-u-dvadesetim(4)

Појава на повеќе акни одошто во тинејџерските години
За време на менструалниот циклус, се појавува поголема количина на хормон естроген и прогестерен што предивикува и појава на акни.

Зголемена сексуална желба
Освен ако не користите апчиња кои влијаат на вашата сексуална желба, овие години се период кога желбата за секс е најголема.

 Може да почувствуваат постепеното губење на мускулната и коскената маса
Иако метаболизмот е во одлична форма, по неколку години може да стане поспор за околку 2-4%. Бидете физички активни.
zenski-magazin-kako-se-telo-menja-u-dvadesetim(1)Менструалната болка е поголема
За овие болки е заслужен хормонот простагландин, што го достигнува највисокото ниво на продуктивност во дваесеттите години. Па затоа знаеме како се чувствувате кога ќе се кажете- “умрев” од болката за време на циклусот.

Брадавиците може да го променат изгледот
Ова не мора да се случи задолжително, но кај некои девојки брадавиците добиваат поразлична форма и боја од порано, а тоа е сосема нормално.
zenski-magazin-kako-se-telo-menja-u-dvadesetim(2)
Промени на женскиот полов орган
Производството на масти во телото кај жените се менува во овие години, па можеби ќе забележите промена во усните на вагината – ќе изгледаат потенки.

Добивање на облини
Независно од тоа дали држите диета или вежбате, повеќето жени може да изгледаат витко за време на тинејџерските години, но со текот на годините телото добива повеќе масти на одредени делови.
Куковите, бутовите и градите се секогаш најударни кога се работи за вишок на килограми.
Ова се должи на промените на метаболизмот, зголемување на телесната тежина и хормоналните промени. Па 20-тите години мора да бидат физички активни години, ако сакате да изгледаат одлично по една деценија .
zenski-magazin-kako-se-telo-menja-u-dvadesetim(99)При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.