Како се челичи руската војска

0

Кога станува збор за тренинг и дисциплина во војската, руската армија е една од поимите за напорен тренинг и издржливост. Всушност, самата војска е синоним за дисциплина, станување уште пред изгрејсонце и многу посветеност. Но тоа е и место каде што момчињата стануваат мажи.

Русите се познати како цврст народ кој не се плаши, како борбени луѓе кои претставуваат „страв и трепет“ на бојното поле. Така било отсекогаш.

Руските командири, полковници и воените тренери не се воопшто „благи“ кон своите војници. Од младите момчиња се бара издржливост, брзина во реагирањето, стратешко размислување, физичка подготвеност.

Тренираат во услови на снег, екстремно ниски температури, голема жештина, на дожд, во нормални и „ненормални“ услови. И самите методи на тренинг се тешки, некој би рекол дури и варварски.

Но, тоа е нивниот начин на работа. И токму затоа руската војска се смета за една од најдобрите во светот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот