Како се бореле против депресијата Черчил, Лејди Ди и Мартин Лутер Кинг

0

Менталните проблеми често се доведуваат во врска со слабост на карактерот. Иако, времињата се менуваат, многу луѓе сметаат дека оние кои имаат ментални нарушувања не би требале и не би смееле да работат.

На оваа тема, интересен е фактот што многу светски лидери имале проблеми од ваков тип, а за кои јавноста не била свесна.

Неколку примери зборуваат за тоа дека треба да се престане со тенденцијата да се стигматизираат луѓето кои имаат ментални проблеми.

Нивната слабост станала нивна сила

Абрахам Линколн

Според писмата од неговите пријатели, Абрахам Линколн бил најдепресивниот човек на светот, а изгледа дека тоа била наследна појава во семејството.

Но не било отсекогаш така. Кога бил млад, луѓето го сметале за многу ведар и позитивен човек. По неколку трагедии во семејството – смртта на сестра му и на близок пријател, почнал да страда од депресија до таа мера што неговите пријатели почнале да се плашат дека може да си го одземе животот, па затоа почнале да го заклучуваат во соба.

Винстон Черчил

Черчил отворено зборувал за својата депресија која го погодила посебно за време на Првата светска војна.

„Две-три години ми беше посебно тешко. Станав член на Парламентот и морав да си ја одработам работата“ – му кажал тој на својот лекар.

Според неговата биографија, тој нашол утеха во креативните активности како пишување, ѕидање и сликање. Резултатите велат дека по количината на напишани текстови ги надминал Шекспир и Дикенс заедно, и не само додека бил политичар, туку заедно со работата од новинарските денови. Сепак депресијата го следела целиот живот.

Мартин Лутер Кинг

Иако неговиот живот е еден од најистражуваните, малку се знае за неговото искуство со депресијата. Според магазинот Тајм, тој до својата 13. година два пати се обидел да се самоубие. Имал силни напади на депресија, а неговите блиски малку време пред атентатот се обиделе да го наговорат да оди на психијатриски третмани. Оваа понуда ја одбил.

Принцезата Дајана

По бракот со принцот Чарлс, Дајана стана вистинска атракција за јавноста. Медиумите ја следеа во чекор и ја обожаваа. Тој притисок ја натерал да се чувствува осамено и очајно. Во интервју за BBC во 1995 година таа негирала дека страда од депресија и изјавила:

„Никогаш не сум страдала од оваа болест. Но, кога внимателно се погледнав себеси, видов многу промени на себе во изминативе години и телото ми рече – сакам одмор.“

Наместо поддршка, јавноста ја дочекала нејзината болест како забавен факт, па затоа ја нарекле ‘нестабилната Дијана’ , прекар кој ја следел до крај. Тоа само ја втурнало подлабоко во депресивната состојба. Заради тоа страдала од булимија низ текот на годините.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.