Како Русите се грижат за своето здравје

0

Како времето проаѓа, така и виталните функции почнуваат да ни слабеат, а заедно со нив, обично прв почнува да страда видот. Стареењето е природен процес, меѓутоа постојат начини да си го олесниме овој процес, и подолго да го одржуваме нашиот вид и здравје и сето тоа со помош на храната.

Крвен притисок
Крвниот притисок е прв кој се влошува со годините и влијае на рожницата. Рожницата бара голема количина на кислород а крвниот притисок влијае на количината на кислород, а со тоа и на самиот вид. Лукот докажано го редуцира крвниот притисок, а со тоа и количината на кислород која доаѓа до рожницата, исто така го чува и срцето.

крвен притисок (1)

Холестерол
Според студиите на медицинскиот факултет на Харвард, нискиот холестерол го смалува ризикот од макуларна дегенарација. Решението за висок холестерол е исто како и за крвниот притисок-лук. Пола чешне лук дневно е доволно за смалување на холестеролот.

Бета каротен
Морковот е одличен извор на бета каротен, и одличен е за вашиот вид. Бета каротенот во нашето тело се претвора во витамин А, состојка која спречува многу очни болести.

Омега 3 масни киселини
Познато е дека лососот е богат со омега 3 масни киселини. Според истражувањата, овие киселини се одлични за видот. Го смалуваат очниот притисок, и ја намалуваат шансата да оболите од рак.

Јаткасти производи
Оревите се богати со омега 3 масни киселини, а бадемите се богати со витамин Е кој нуди одлична превенција од катаракта. Исто така, бадемите го намалуваат холестеролот и помагаат при слабеењето.

јаткасти (1)

Домати и пиперки
Доматот содржи висока концентрација на витамин Ц, ликопен и лутеин, а пиперката поседува во обилност витамин Ц, и затоа се одлични за превенција на катаракта и очни болести. Доматот помага и при исфрлување на вишокот на масти и вода.

домат (1)

Тиквички и авокадо
Тиквичките содржат голема количина на антиоксиданти, лутеин, зеаксантин.Авокадото ги содржи истите антиоксиданти како и тиквичката. Тоа содржи поголема концентрација на лутеин од било кое друго овошје. Овие две намирници ги штитат очите од дегенеративни болести и катаракта.

тиквица (1)

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.