Како ранливоста да се претвори во сила?

0

Стресот е составен дел од нашиот живот кој вклучува секојдневни проблеми, но и различни животни трауми. Во стресни ситуации, потребно е да се развие способност за отпор кон проблемите и новонастанатите ситуации.

Што е отпор?

Отпорност претставува способност за успешно совладување на животните потешкотии и релативно брзо опоравување од стрес и значајни губитоци.  Што кога преживееме тешка несреќа, што се случува со нашата благосостојба, како да ја надминеме и да живееме среќно?

Генерално отпорноста  се состои од две компоненти:

-Од самиот потенцијал да бидеме отпорни, односно колку сме подготвени и способни да го заштитиме својот интегритет и покрај тешките животни околности.

-Од способноста нашиот живот да го градиме на позитивен начин. Оваа се се однесува на тоа дека тешките животни искуства не не обележуваат  за цел живот

Меѓутоа никој од нас не е апсолутно отпорен, туку постојат степени на отпорност. При тоа некои индивидуи се по отпорни за разлика од другите иако имаат повеќе потешкотии.  Отпорноста на стрес ни овозможува да спречиме, минимизираме и да ги совладаме  штетните ефекти  од стресот. Отпорноста може да ни го трансформира животот или да не изгради нас како личност да бидеме посилни.

Стресот ке го надвладаме со оптимизам односно способноста да сме среќни и да се бориме за нашите цели.

Исто така ако сме продуктивни и ако придонесуваме во општеството, капацитетот за продуктивна работа, чувството за компетентност и владеење со средината можат само убавини да ни донесат.

Доколку како личности сме емоционално сигурни, се прифаќаме самите себеси такви какви што сме. Имаме реалистична слика за себе и за другите, зрачиме со топлина.

Адекватно функционирање и позитивен развој и покрај тешките околности, вештините на изразување придонесува до надвладување на стресот.

Постојат одредени протективни фактори кои ги зголемуваат шансите за позитивен резултат.

На индивидуален план заштитните фактори се однесуваат на добро интелектуално функционирање, социјабилност, верба во себе, и голема самодоверба и почитување на себе си, таленти .

На семеен план заштитните фактори се однесуваат на блискост со барем еден од родителите, авторитивно родителство, топлина, високи очекувања, добар социоекономски статус како и хармонични односи и добра комуникација.

Сега кога видовме кои се тие фактори, станавме свесвни дека тоа се некои обични предности на секојдневниот живот. Се што е потребно се наоѓа во секојдневниот живот. Сите  ние сме способни за отпорност на стрес и брзо опоравување од истиот кога овие обични фактори функционираат

 Размислувај позитивно, и позитивни работи ке почнат да се случуваат

Подготви: Марија Алексиќ