Како работи детекторот за лаги и зошто се употребува

0

Апаратот за откривање лаги е средство кое најчесто се употребува во кривичната истрага, меѓутоа податоците добиени со помошта на овој инструмент секогаш не се прифаќаат како директен доказ пред судовите, бидејќи таа метода се уште не е веродостојна.

За телото на лицето што се испитува се прицврстуваат разни делови од апаратот, за да се добие писмена трага за реакциите додека одговара на поставените прашања.

Испитувањето со помошта на апаратот за откривање на лагата е засновано на тоа што во телото на лицето кое што лаже се јавуваат извесни реакции: црвенило на лицето, забрзан пулс на срцето, голтање на плунката и други видови оддавање на возбудувањето.

Апаратот за откривање на лаги ги бележи таквите промени на телото, но ниедна од овие реакции сама по себе не е доволен доказ тоа лицето што се испитува лаже, но земено заедно како што се претпоставува тие се сигурен знак.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот