Како приоѓаат мажите во светот – забавни примери

0

Според едно глобално истражување во 2015, спроведено на тема како се додворуваат мажите ширум светот, Париз е на прво место за романтика и љубов. Веќе познато, нели?

Жителите на Париз се романтични и веруваат дека со отворена вербална комуникација може да постигнеш одличен љубовен спој, се вели во истражувањето.

Повеќето луѓе донесуваат заклучок за личноста што ја запознале во првите две до три минути, потоа размислуваат дали понатаму разговорот има поента или не.

Сите сме искусиле различни начини на додоворување од страна на момците, тоа се случува и во клубовите, кафулињата или пак на улица. Начинот на пристап од страна на момците знае да биде доста интересен, понекогаш и необичен.
Погледнете го ова интересно видео што велат момците, а што девојките кога некој им се додворува или им дофрла комплименти или други зборови.

 

Еве уште неколку забавни реченици што момците ги користат за додворување – анкета преземена од Тајм Аут :

Лондон: Ми се чини дека твојот телефон има некој проблем во софтверот – мојот број не е регистриран.

Куала Лумпур: Да не се наоѓаш во моето слепо црево? Имам чудно чувство во стомакот.

Мелбурн: Што викаш да одиме на афтер после оваа забава?


Њујорк: Да не случајно „домашна работа“ е твојот прекар? Па да работиме на тебе.

Барселона: Одлично изгледаш во црвено, би сакал да бидам твој матадор.

Делхи: Дали е твојот татко терорист? Изгледаш како бомба.

Банког: Имаш пари? Мора да се јавам на мајка ми да и кажам дека ја пронајдов мојата жена.

Берлин: Веруваш во љубов на прв поглед или треба да поминам уште еднаш?

Рим: Чао убавице, ти треба превоз?

Париз: Госпоѓице, многу сте шармантна, имате прекрасни очи, како ангел паднат од небото.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот