Како повторно да верувате некому, откако сте биле повредени?

0

Велат дека е потребно многу време за да се изгради доверба, но само еден миг за да се скрши. Веројатно поголемиот дел од вас ја знаете вистината која лежи во оваа изрека.

Природно, сакајќи да се заштитиме себеси, откако некој ќе не разочара се повлекуваме во себе, далеку од сите останати. Но, оттурнувањето на луѓето ќе не направи само огорчени, изолирани и осамени, што може повеќе да ни наштети отколку ако се обидеме повторно да веруваме некому.

Имајте доволно храброст да имате верба во љубовта уште еднаш. И секогаш уште еднаш.” –Маја Ангелоу

Можеби ќе биде тешко на почетокот, особено ако разочарувањето е во блиско минато, но со следниве совети се надеваме дека ќе соберете доволно храброст за бар малку да го отворите срцето…

1. Разберете дека луѓето едноставно понекогаш грешат
Ова не е оправдување за тоа што ви нанеле болка, но мора бар на момент да се обидеме да разбереме, бидејќи човекот е суштество со сложени емоции и мисли и никој не е совршен. Можеби личноста ги увидела своите грешки, но било предоцна.
Дури ако не е така, тоа не е доволна голема причина за да се затворите пред останатите. Од секоја врска во животот носиме сеќавања и научени лекции, но треба да продолжиме напред.

2. Не претпоставувајте дека сите се исти
Ова е фаза што буквално секој човек во животот, бар еднаш ја поминал. Запомнете дека ова не е точно и дека може да ве спречи да формирате односи со другите, затоа немојте да го дозволите тоа. Задржете го умот отворен, никогаш не знаете што се крие позади аголот. Тоа може да биде вашата животна среќа.


3. Простете си
Уште една фаза е моментот кога ја бараме вината и грешката во себеси. Тоа е сосема разбирливо и во ред, бидејќи секогаш е добра работа да сте свесни за последиците на своите дела доколку сте навистина виновни. Но, не заборавајте да си простите. Ништо позитивно нема да ви дојде во животот ако постојатно се измачувате и се давите во вина. Само така ќе можете вистински да продолжите напред.

4. Следете ги вистинските инстикти
Не сите на светот ја заслужуваат вашата доверба, па мора да ја слушате вашата интуиција за да знаете кој е достоен за вашето внимание и доверба. Исто така, учете и од поранешните врски. Довербата треба да се заслужи, таа не се подарува, затоа бидете реални и немојте да си го трошите времето и енергијата на луѓе кои не ве заслужуваат.
Инстиктот никогаш не лаже, фокусирајте се на чувството што го имате кога сте покрај таа личност и препуштете се на внатрешните водилки. Тогаш, едноставно ќе знаете.

5. Оставете го минатото – во минатото
Она што поминало, оставете го зад вас ако сакате вистински да бидете повторно среќни. Прифатете дека минатото не може да го промените, но можете многу да научите од него и да имате верба дека во вашиот живот ќе влезе човек што ќе ги цени вашите чувства и нема да ја искористат вашата доверба.
Можеби сето ова звучи тешко и невозможно, но вреди да се обидете. Дадете шанса на луѓето за кои имате добро претчувство, бидејќи тоа е единствен начин да ја претворите болката во сила.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.